Спорт
Гана го освои СП до 20 години

Гана е новиот светски шапион за играчи од 20 години на првенственото до 20 години кое се одржа во Египет
Репрезентацијата на Гана до 20 години со играч помалку по пенал рулетот против Бразил во финалето стана новиот светски првак. Резултатот по регуларните 90 минути како и по судиските продолженија од 2 пати по 15 минути остана 0:0, по што следеја пеналите.Алан Кардек прв погоди за Бразил, а Аандре Ајеу за Гана. Гиулијано беше прецизен за Бразил а Самел Инком за Гана, а потоа притисокот ги надваледеа младите репрезентативци по почнаа да грешат, а голманите да си ги покажуваат своите квалитети.Голманот на Бразил, Рафаел го одбрани шутот на Менсах а и на Адае, Соуза го промаши голот за Бразил, а Емануел Баду стана херојот на Гана кога го постигна победничкиот пенал гол со што и гана ја освои титулата на шампион. Финалето се одржа на Каиро интернационалниот стадион а судија беше реномираниот фубалски судија од Белгија, Франк Де Блекере.Ова е првата титула светски шампион под 20 години во последната декада за репрезентација која доаѓа од африканскиот континент. Во малото финале, или натпреварот за трето место, Унгарија ја освои брозната исто така на пенали по нерешениот резултат од 1:1 против Коста Рика. Урења го постигна водечкиот гол за Коста Рика во 81-та минута а Владимир Коман израмни од пенал во судиското продолжение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дончиќ потпиша нов договор со Лејкерси

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжи соработката со Лос Анџелес Лејкерс.
Дончиќ потпиша договор вреден 165 милиони долари за три сезони.
Лејкерси чекаа до првиот ден кога можеа да му понудат договор (2 август) и го сторија тоа веднаш.
Во 28 натпревари, за Лејкерси по шокантниот трејд од Далас, Дончиќ забележа 28,2 поени, 8,1 скока, 7,5 асистенции и 1,6 украдени топки во просек за 35 минути на паркетот.
Во поразот од пет натпревари во плејофот против Минесота Тимбервулвс, тој имаше просек од 30,2 поени, седум скока, 5,8 асистенции и една украдена топка за 41,6 минути на паркетот.
„Тукушто потпишав продолжување на договорот со Лејкерси. Возбуден сум што ќе продолжам да работам за да освојам шампионска титула во Лос Анџелес и да ги направам навивачите горди. Благодарен сум на Лејкерси, на моите соиграчи и на сите навивачи кои ми покажаа толку многу љубов од првиот ден. Ова е само почеток“, напиша Дончиќ на социјалната мрежа „X“.
Спорт
(Видео) Хамилтон: Бескорисен сум

Луис Хамилтон се огласи по борбата за пол-позицијата за Големата награда на Унгарија.
Хамилтон го имаше 11-то најдобро време со 1:15.702 во квалификациите на Хунгароринг. Очекувано не беше задоволен од тоа настапот во квалификациите.
„Јас сум бескорисен, апсолутно бескорисен. Тимот нема проблем, можете да го видите автомобилот на пол-позиција. Веројатно треба да го сменат возачот“, изјави Хамилтон за „Скај Спортс“.
Неговиот колега Шарл Леклер го имаше најдоброто време и ќе стартува од пол-позицијата на трката во недела. Леклер беше најбрз со 1:15.372.
“It’s me every time. I’m just useless. The team has no problem. The second car is on pole, so they probably just need to change driver.”
Distraught Lewis Hamilton after qualifying 💔
— Ferrari News 🐎 (@FanaticsFerrari) August 2, 2025
Спорт
Леклер ја грабна пол-позицијата на Хунгароринг

Шарл Леклер ги шокира возачите на Мкларен во квалфикациите за трката на Големата награда на Унгарија. Возачот на Ферари ја освои 27. пол позиција во кариерата, до неа дојде со резултат 1:15.327 минути.
Мекларен, најдоминантниот тим сезонава во првенството на Формула 1, доминираше на тренинзите и во првите две квалификациски сесии, но двајцата возачи разочараа во последното излегување на патеката. Постигнаа времиња далеку под она што можат со доминантниот болид.
Осакр Пјастри, лидерот во првенството, трката ќе ја започне веднаш до Леклер, а неговиот тимски колега Ландо Норис го освои третото место. До него, од вториот ред, трката ќе ја започне возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.
Неизвесноста во борбата за пол-позицијата најдобро го отсликува податокот дека разлиата меѓу првиот и четвртиот беше само 53 илјадити делови од секундата.
Третиот ред на стартот го освоија пилотите на Астон Мартин: Фернандо Алонсо и Ленс Строл.
Блесна во квалификациите Габриел Бортолето. Бразилецот со Кик заубер го освои седмото место, пред светскиот првак Макс Ферстапен. Зад него се возачите на сестринскиот тим, Рејсинг Булс: Лијам Лосон и Исак Хаџар.
Аполутно разочарување во квалификациите е Луис Хамилтон. Седумкратниот шампион трката во Унгарија ќе ја започне од 11.место.
Големата награда на Унгарија, на Хунгароринг се вози в недела од 15 часот.
Foto/ EPA/Zsolt Czegledi