Свет
По 15 години Куба и’ дозволи на Хилда Молина да замине за Аргентина
Одлукака Молина да може да замине кај нејзиното семејство во Аргентина, се толкува како попуштање на кубанскиот комунистички режим
По деценија и пол, кубанските власти и дозволија на 66-годишната дисидентка Хилда Молина, да замине за Аргентина. Таа во неделата пристигнала во Буеносаирес, каде се сретнала со синот и внуците кои првпат ги гледа. Таа се’ уште не изјавила дали ќе се врати на Куба. Молина инаку е неврохирург и поранешна членка на Комунистичката партија на Куба и пратеник, која доби дозвола да дојде во Аргентина, откако за тоа се залагаше аргентинската претседателка Кристина Киршер. „Гревот“ на Хилда Молина е што во 1994 г. имаше етичка расправа со кубанското комунистичко раководство околу операциите врз пациенти со Паркинсонова болест. Претходно таа беше жесток критичар на кубанскиот здравствен систем, за кој тврдеше дека е во полза на имотните странски пациенти. Пред да замине за Аргентина, Молина изјавила дека и покрај долготрајните препреки да замине да ги види синот и мајка си, таа не чувствувала нималку огорченост на поранешниот кубански претседал Фидел Кастро и на неговиот брат и наследник Раул Кастро. „Немам проблеми со нив. Не се согласувам со нивната влада, но не мислам дека се лоши луѓе бидејќи не сум воспитана така да размислувам“, изјавила Молина, порачувајќи им и на другите кубански дисиденти да не се откажуваат од своите заложби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

