Скопје
Општина Илинден продолжува со инвестиции во инфраструктурата
Нови улици во вкупна должина од 4.700 метри деновиве се градат на повеќе локации во Општина Илинден, со што продолжува интензивното инвестирање во патната инфраструктура во оваа општина.
Во населбата Јака во тек е изградба на новите улици „19“ и „20“ во вкупна должина од 1.800 метри. Во стопански комплекс Илинден се градат новопроектираните улици „2“ и „7“ со вкупна должина од 1.000 метри, а во локалната економска зона Марино-Кадино улиците „2“, „3“, „6“, и „7“ со вкупна должина од 1.900 метри.
Подобрувањето на патната инфраструктура, односно изградбата, реконструкцијата, санацијата и рехабилитацијата на локалните улици и патишта, како и подобрувањето на инфраструктурата во стопанските комплекси и во локалните економски зони останува еден од приоритетите на Општина Илинден.
Инвестициите во патната инфраструктура годинава почнаа со санација на општинските улици и патишта и комплетна реконструкција на главната влезна улица во Општината, во должина од 660 и широчина од 7 метри. Деновиве, претстои асфалтирање на новиот мост на улица „6“, изграден на местото на стариот и дотраен руиниран мост кој што го попречуваше нормалниот проток на атмосферски води од постоечкиот канал и беше пречка за нормалното одвивање на сообраќајот. Истовремено ќе бидат асфалтирани и пристапите кон мостот, како и патот што води кон црквата „Свети Илија“, во должина од 240 метри. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




