Македонија
Груевски: Работиме за краток рок да го решиме проблемот со името

Премиерот Груевски денеска изјави дека Македонија работи на тоа за краток рок да го реши проблемот со името и дека даваат сè што е во нивен максимум, притоа штитејќи ги државните и националните интереси на Македонија.
Премиерот Груевски денеска изјави дека Македонија работи на тоа за краток рок да го реши проблемот со името и дека даваат сè што е во нивен максимум, притоа штитејќи ги државните и националните интереси на Македонија.
Груевски на коментарите од амбасадорот Фуере во интервјуто за Радио слободна Европа дека во Македонија има моменти на назадување на евроинтегрицискиот процес и дека постои клима на неизвесност каде оди Македонија, изјави дека прават сè што можат во секој правец, за правење што повеќе реформи и ќе продолжат да го прават тоа и во иднина.
Премиерот на прашањето за можната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак, изјави дека ако има потреба ќе се сретне со Ахмети, но не прецизираше кога./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Амбасадорката Агелер го посети Центарот за управување со кризи

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов ја запозна амбасадорката на САД Ангела Агелер за претстојните реформи во кризниот менаџмент и цивилната заштита и подготовките за справување со пожарите на отворен простор, капацитетите и ресурсите на државата, како и со искуствата од безбедносните предизвици и кризните состојби во земјата.
За континуираната поддршка во обука, опрема и инфраструктурни инвестиции од САД, директорот Ангелов изрази особена благодарност и верба дека соработката ќе добива нови содржини, соопшти ЦУК.
Амбасадорката Агелер го посети Секторот 112, како еден од најзначајните проекти за обезбедување итна помош на лица во опасност, и во разговорот со вработените се запозна со одговорноста да се биде гласот за помош во секое време, се додава во соопштението на ЦУК.
Македонија
„СДС се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„СДС го дозакопа Филипче и се заплетка во сопствените лавиринти на лаги. Филипче по стапките на шеикот од Муртино Заев денес едно, утре друго. СДС еднаш тврди дека Филипче нема златна виза, па дека нема имот во ОАЕ, за подоцна самиот Филипче да потврди дека има златна виза за Дубаи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче три месеци се обидува да смисли што да одговори на јавноста за златната виза во Дубаи и повторно се заплетка во соппствените лаги. СДС и Филиче да кажат од каде му е златната виза за Дубаи?
Со примањата на Филипче како пратеник лекар и министер тешко дека се доаѓа до златна виза, особено ако знаеме дека таа виза се добива врз база на инвестиции, а најмалку треба да се инвестираат над 500 илјади долари.
Дали Филипче му е бизнис партнер на Заев во Дубаи додека му го чува столчето во СДС? Дали Филипче заедно со Заев инвестирал во 50 катница во Дубаи?
Од каде му на Филипче над 500 илјади долари за да добие златна виза? СДС и Филипче да не ја потценуваат интелегенцијата на народот и да каже дали е инвеститор со Заев во Дубаи.
Заев и Филипче со години ја осиромашуваа државата за сега со украдените народни пари да добиваат златни визи и да инвестираат низ Дубаи. Филипче, СДС и Заев се синоним за неспособност, криминал и корупција“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија“, велат од СДСМ

„Излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија. Во неколку месеци Мицкоски успеа да искомбинира катастрофални економски резултати, со бесцелни патувања во странство иако државата е комплетно изолирана дури и од нашите НАТО и ЕУ партнери со кои имавме децениска одлична соработка“, велат од СДСМ.
„На сето ова треба да се додадат и гоштевањата со народни пари, милиони потрошени за бејби-биф, папаја, манго, октоподи, додека власта се противи на барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата, а синдикалната кошничка и трошоците за живот се зголемуваат секој месец.
Им нема крај ниту на скандалите во општините со кои „скандинавски“ раководат градоначалниците на Мицкоски, на кои приоритет им е единствено местење на тендери, а граѓаните се оставени сами да се снаоѓаат во хаос.
Арбен Таравари вчера соопшти дека органите и телата на Алијанса за Албанците едногласно одлучиле да излезат од Владата и да се вратат заедно со народот. Ова е потврда дека доскорешните партнери на Мицкоски се евакуираат откако во јавноста беа споделени низа на скандали за власта.
За прв пат во 35 години независност и плурализам се случува за толку кратко време најголемиот коалиционен партнер да ја напушти Владата, и тоа оваа на Христијан Мицкоски.
На крајот, Мицкоски ќе остане осамен и опкружен само со неговите клиентелисти и амбицирани криминалци. Граѓаните јасно гледаат низ прозирните лаги на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.