Македонија
Конвенција за пан-евро-медитерански правила за потекло
Дебата на тема Регионална конвенција за пан-евро-медитерански правила за потекло, идентификација на македонските приоритети – сектори/стоки за кои треба да се побара примена на новите поедноставени правила за потеклото на стоките ќе се одржи денеска во Скопје.
Дебата на тема Регионална конвенција за пан-евро-медитерански правила за потекло, идентификација на македонските приоритети – сектори/стоки за кои треба да се побара примена на новите поедноставени правила за потеклото на стоките ќе се одржи денеска во Скопје.Советот на ЕУ одобри потпишување на регионална конвенција за пан-евро-медитерански правила за потекло, што значи конкретна економска вредност, бидејќи воспоставува преференцијални царински стапки за земјите од јужен Медитеран, се наведува во соопштението на Стопанската комора на Македонија. Со конвенцијата се очекува да се надминат тешкотиите во менаџирањето на мрежата од 60 билатерални протоколи за правилата за потекло меѓу земјите и териториите на евро-медитеранската зона. Оваа конвенција ќе го замени важечкиот систем на пан-евро-медитеранската кумулација на потекло базирана на билатералните протоколи потпишани меѓу државите-партнери, сега со единствен правен инструмент во форма на регионална конвенција за преференцијални правила за потекло.Договорни страни коишто ќе ја потпишат конвенцијата се: ЕУ, Фарските Острови, земјите на ЕФТА, југоисточно-медитеранските партнери – учесници во Барцелонскиот процес, потоа Алжир, Египет, Израел, Јордан, Либан, Мароко, ПЛО во полза на палестинските власти на Западниот Брег и Појасот Газа, Сирија, Тунис и Турција и земјите од Западен Балкан. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

