Македонија
Донесени измените на изборниот законик
Владата денеска ги прифати измените и дополнувањата на изборниот законик, кои како што велат од таму, се целосно усогласени со препораките на ОБСЕ и ОДИХР
Како што изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска со овие измени започна процедурата за исполнување на барањата на СДСМ за измени во изборниот законик.„Важно е државата да создаде услови за одржување фер и демократски избори и важно е да постојат механизми ако некој се обиде да ја наруши оваа изборна атмосфера да биде санкциониран. Се гарантира дека доследно и неселективно ќе се спроведува законот. Од она што го слушам, барањето на опозицијата беше изборниот законик да се усогласи со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и тоа е направено. Очекуваме опозицијата да се врати во собранието и да го изгласа изборниот законик и да одиме на избори“ рече Јанкулоска.Со измените се овозможени и услови за гласање на дијаспората. Измените предвидуваат Државната изборна комисија веднаш или по два дена од распишувањето на изборите до МНР да достави известување за објавување јавен повик за распишувањето на изборите.МНР во рок од три дена од денот на добивање на известувањето од ДИК, да го достави до сите дипломатско – конзуларни претставништва заради објавување во нивната земја и известувањето да се објави во еден од најтиражните весници во соодветната земја.Со измените, избирачите од странство ќе имаат можност да достават и приговор за евентуални нерегуларности по брза пошта.„Се предвидува државниот Завод за ревизија доколку се утврдат неправилности во финансискиот извештај на организаторот на изборната кампања кои се спротивни на одредбите на Изборниот законик да поднесе барање за поведување прекршочна постапка или пријава до надлежниот Јавен обвинител во рок од 30 дена од денот на утврдување на неправилностите“ објаснува Јанкулоска.Заменик претседателот на ДИК ќе ја врши функцијата до истекувањето на неговиот мандат. За помалите политички партии предвидено е право на надомест на трошоците да добива организаторот на изборната кампања во висина од 15 денари по глас. Но условот за ова е освојат најмалку 1.5 проценти од вкупниот број на гласови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

