Свет
Прчевски и Џанго против „Бачило“
Јавниот обвинител Александар Прчевски и Љубомир Михајловски Џанго, министер за внатрешни работи, вчера почнаа заеднички да работат на расчистување на случајот „Бачило“ и да ја утврдуваат одговорноста кај сите инволвирани страни.
Јавниот обвинител Александар Прчевски и Љубомир Михајловски Џанго, министер за внатрешни работи, вчера почнаа заеднички да работат на расчистување на случајот „Бачило“ и да ја утврдуваат одговорноста кај сите инволвирани страни. Прчевски вчера итно ги свикал претставниците од одделението за организиран криминал во јавното обвинителство, веднаш откако Владата ги задолжи МВР и ЈО да ги преземат сите мерки за да го расчистат случајот „Бачило“.
Двете одделенија за организиран криминал, од МВР и од обвинителството, заедно ќе работат на спорниот случај, каде што државата плати отштета од околу 730.000 евра за наводно гранатирано бачило од 2001 година.
– Ќе биде направено сето тоа што не задолжи Владата. Обвинителството ќе го води случајот, а ние ќе ги обезбедуваме доказите. Двете одделенија за организиран криминал ќе работат заеднички и синхронизирано – вели Горан Павловски, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски.
Владата на завчерашната седница ги задолжи двете институции да ги преземат сите мерки за да го расчистат случајот и да поведат постапка за одговорност. Од кабинетот на премиерот информираа дека ќе почнат постапка за утврдување одговорност кај јавната правобранителка Зоја Лега-Станоевска и изразија сомневање дека во случајот „Бачило“ станува збор за организиран криминал и корупција.
Од извори во РСС дознаваме дека в среда до Собранието ќе биде поднесен предлог за разрешување на судијката Снежана Попчевска, која го водела случајот „Бачило“. Според изворите, судијката не ја запазила процедурата и нестручно и несовесно постапувала во решавањето на случајот „Бачило“.
РСС вчера го добил судскиот предмет и закажал седница за идната среда. Со оглед на тоа што советот веќе го гледаше предметот, велат дека нема да имаат проблем да утврдат одговорност кај судијката.
Правните експерти потврдуваат дека има големи шанси во случајот „Бачило“ судската постапка да почне отпочеток и да се најде трагата на парите. Доколку Министерството за одбрана во следниве четири години достави до Јавното правобранителство нови докази за случајот, судот може да ја почне постапката отпочеток. Постои само еден проблем, велат правниците.
– Во законот пишува дека ако се извлече нов доказ, кој не бил познат и не можел да биде познат, постапката може да се повтори. Во случајов, не станува збор за докази што не можеле да бидат познати, така што само тоа може да ја заглави процедурата – тврдат експертите.
Ако се утврди дека постапката за случајот „Бачило“ била исконструирана и ако постојат сомневања за криминал, експертите велат дека треба да се испитува каде завршиле парите што ги добил тетовецот Џемаили. Владо Наумовски, директор на Дирекцијата за спречување перење пари, вели дека има лесен начин да се провери каде завршиле парите.
– Дирекцијата тоа не може да провери затоа што не станува збор за перење пари. Човекот по легален пат си ги добил парите и тука нема криминал. Но, ако во процесот е направена измама, тоа е кривично дело. Потоа МВР и ЈО можат многу едноставно да проверат каде завршиле парите. Од сметката, лесно се гледа каде се потоа префрлени – вели Наумовски.
Бучковски: Не се вмешани политички структури
Не знаев дека парите за отштетата на бачилото се симнати од сметката на Министерството за одбрана се додека не беше извршена присилната наплата, изјави вчера премиерот Владо Бучковски, кој беше министер за одбрана кога на тетовецот Иснифарис Џемаили му биле исплатени 727.000 евра.
Тој смета дека нема високи политички структури што стојат зад случајот и дека спрегата е направена меѓу луѓе од правобранителството, судството и посредникот на Џемаили.
– Според нашите информации, зад отштетата стојат структури од понизок ранг. Опозицијата смета дека јас сум зел и сум платил 720.000 евра, што не е точно. За случајот се сомневавме од првиот момент, но немавме целосни информации. Сега веќе станува јасно дека имаме случај што мириса на организиран криминал и корупција – рече Бучковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos
Свет
Трамп: Орбан никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, попладнево ја повтори својата поддршка за унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија, само неколку часа откако германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го критикуваше унгарскиот лидер за неговите критики за неговата поддршка за Украина.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп го нарече Орбан „вистински силен и моќен лидер кој има докажана евиденција за постигнување феноменални резултати“.
„Тој неуморно се бори за својата голема земја и народ и ги сака, исто како што јас ги сакам Соединетите Американски Држави“, рече Трамп.
Тој, исто така, истакна дека Орбан вредно работи за да ја заштити Унгарија, да ја развие економијата, да создаде работни места, да ја промовира трговијата, да ја запре нелегалната имиграција и да обезбеди закон и ред. Трамп, исто така, се осврна на односите меѓу двете земји за време на неговото претседателствување.
„Односите меѓу Унгарија и Соединетите Американски Држави достигнаа нови височини на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан“, напиша тој.
Трамп, исто така, ја изрази својата желба да продолжи соработката „за да можат двете наши земји да продолжат да напредуваат по овој извонреден пат кон успех“.
Тој потсети дека го поддржал Орбан на изборите во 2022 година. „Бев горд што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и ми е чест што го правам тоа повторно“.
„Виктор Орбан е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна и комплетна поддршка за реизбор како премиер на Унгарија. Тој никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија“, заклучи Трамп.
фото/епа
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos

