Свет
Обама ќе се сретне со Далај Лама на 18 февруари
Американскиот претседател ќе го прими тибетскиот духовен водач во Белата куќа идниот четврток, потврдил претседателскиот портпарол
Портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс, изјавил дека претседателот на САД, Барак Обама го почитува Далај лама како глобална религиска фигура, и дека се радува на ангажираниот и конструктивен дијалог. Тој додал дека за место на состанокот е избрана Собата со мапите на Белата куќа, наместо Овалната соба, бидејќи во Овалниот кабинет досега со Далај лама не се сретнал ниеден американски претседател. Се очекува дека оваа одлука на Белата куќа дополнително ќе ги зголеми тензиите меѓу САД и Кина, зашто Кина во Далај лама гледа главен предводник на сепаратистичките тенденции на ТибетКина во среда повторно го предупреди американскиот претседател дека неговата евентуална средба со тибетскиот духовен водач дополнително ќе ги уназади влошените односи, по планот САД да му продадат оружје на Тајван.„Решително се противиме лидерот на Соединетите држави да има каков и да е контакт со Далај лама, без оглед на причината или формата. Ги повикуваме САД да ја сфатат високата чувствителност на тибетското прашање и мудро и адекватно да се однесуваат кон него, за да се избегне натамошното влошување на односите“, изјави во средата портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Ма Жаоку.Претседателот Обама лани ја избегна средбата со Далај лама. Во октомври мината година Далај лама престојуваше во Вашинготн од почетокот на седмицата и за тоа време се сретна со повеќе политички личности. Сепак, тибетскиот лидер не се сретна американскиот претседател Барак Обама, а како замена го прими претседателката на Сенатот, Ненси Пелоси. Организациите за човекови права веднаш ја осудија постапката и го нападнаа Обама и државната секретарка Хилари Клинтон заради неспротивставувањето на кинеското кршење на човековите права, особено во однос на Тибет.Инаку, ова тоа беше првпат во последните 18 години еден американски претседател да не прифати средба со Далај Лама кој беше примен и од Џорџ Буш (Помладиот). Далај лама тогаш го прифати образложението за состанок со Обама по неговата средба со кинескиот претедател Ху Џинтао.Односите меѓу Кина и САД се оптоварени со, како што тврдат, вештачката моќ на кинеската валута, државниот протекционизам за кинеските компании и непочитувањето на интернетските слободи околу Гугл, дополнително беа вжештени со објавувањето на Пентагон од крајот на минатата седмица дека планира на Тајван да му продаде оружје во вредност од 6,4 милијарди долари. САД го вооружуваат Тајван под клаузула „за самоодбрана“, билатерален договор од 1979 г. Според, што ја иритира Кина која при иста ваква продажба на американско оружје во октомври 2008 г. Ги прекина воените разговори со САД.Објавувањето на продажбата на оружје за Тајван доаѓа во момент кога претседателот Барак Обама се обидува да ги подобри односите со Кина со која очекува соработка во поглед на прашањата околу Иран, Северна Кореја и климатските промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

