Свет
Во Рим организиран „Ден без Берлускони“
Десетина илјади лица излегоа на улиците на Рим, барајќи оставка од премиерот Силвио Берлускони, само неколку дена откако италијанскиот лидер го преживеа гласањето доверба во парламентот.
Десетина илјади лица излегоа на улиците на Рим, барајќи оставка од премиерот Силвио Берлускони, само неколку дена откако италијанскиот лидер го преживеа гласањето доверба во парламентот.
Демонстрантите пристигнале од сите делови на Италија со стотина автобуси и два траекта од Сардинија на собирот под назив „Ден без Берлускони’.
Собирот го свика граѓанското интернет здружение „Пурпурни луѓе“, кое нема политички врски и кое успеа да мобилизра повеќе од половина милион луѓе против Берлускони на претходниот собир што се одржа во декември минатата година.
Покрај оставката на Берлускони, демонстрантите барат и усвојување на закон за спречување на судирот на интереси со што би завршила доминацијата на медиумските канали на премиерот./крај/са/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Руски тенк нападна Украинци: „Неговата судбина беше очигледна“
Осамен руски тенк кој се движи кон украинските линии во она што една украинска група на пилоти за дронови го нарече „многу несреќно самоубиство“ кажува нешто за состојбата на руската војска додека војната на Путин против Украина се приближува на својата четврта година.
Имено, насекаде по должината на 1.000 километри долгата линија на фронтот во Украина, но и во западна Русија има толку многу украински беспилотни летала што руските оклопни возила не можат да ги напуштат своите скривалишта без да го привлечат смртоносното внимание на пилотите на дронови, пишува Форбс.
Video of strikes with four FPVs and night bomber UAV on a Russian tank by the Ukrainian Border Guard's Phoenix strike UAV company.https://t.co/IvqxWQ5r4M pic.twitter.com/1HpPpl5hED
— Rob Lee (@RALee85) January 15, 2025
Онаму каде што Русите освојуваат, го прават најмногу со пешадија и трпат неверојатни загуби во тој процес.
Пред неколку дена, осамен руски тенк патуваше по земјен пат кон линијата за контакт надвор од селото Курдјумивка, 5 километри северно од урнатините на Торецк во областа Доњецк во источна Украина. Руските теренски војски го опкружуваат градот Покровск јужно од Курдумивка, како и градот Часив Јар северно од Курдумивка.
Не е јасно кој бил точниот план на снимениот тенк. Во секој случај, осаменото возило не стигна далеку. „Судбината на ова парче железо беше очигледна“, објави украинската група за беспилотни летала Феникс, додавајќи: „Нашите момци го расклопија до последен детал“.
Огромниот број на беспилотни летала фокусирани на тенкот зборува за изобилството на мали летечки роботи над линијата на фронтот. Четири експлозивни беспилотни летала влетаа и го погодија тенкот, на крајот онеспособувајќи го. Петтиот дрон, потежок модел, фрли гранати врз тенкот за конечно да го уништи. Не е јасно дали некој од тројцата или четворицата руски членови на екипажот преживеал.
Свет
Украински претставник во ОН: Украина сака мир, но не по секоја цена
Постојаниот претставник на Украина во ОН, Серхиј Кишлица денеска изјави дека земјата е посветена на завршување на војната со Русија и воспоставување праведен мир, но дека нема да го прифати концептот „мир по секоја цена“.
„Украина, повеќе од кој било друг, сака мир, но ние нема да прифатиме мир по секоја цена, бидејќи тоа нема да донесе вистински и траен мир“, изјави украински дипломат за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН, додавајќи дека таквиот пристап само би ја охрабрил Русија да продолжи со „кршење на меѓународното право“, а не само во Украина, пренесе украинската агенција РБЦ. Кишлица потсети дека руските геополитички амбиции ги надминуваат границите на Украина.
Тој нагласи дека, ако целта е да се живее во безбеден свет, меѓународната заедница мора да вложи максимални напори за да се спротивстави на „руските империјалистички политики“.
Според него, дипломатскиот пат до тој мир води преку имплементација на „Формулата за мир“, иницирана од украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Ние сме, исто така, подготвени да ги разгледаме мировните идеи на другите нации, кои ја земаат предвид потребата за обновување на територијалниот интегритет на Украина и се засноваат на принципот „ништо за Украина без Украина“, посочи тој.
Советот за безбедност на ОН вчера одржа состанок на барање на Словенија и САД, кои претходно ја консултираа украинската делегација, пренесува Танјуг.
Претходниот ден претседателот Зеленски изјави дека Украина нема да преговара со Русија додека не добие безбедносни гаранции. Зеленски напомена и дека во моментов има четири земји кои од различни причини не сакаат да ја видат Украина во НАТО – САД, Германија, Унгарија и Словачка.
Свет
Забележан дрон во област во Романија, подигнати борбените авиони
Националниот воздушен простор на Романија е нарушен за време на ноќниот руски напад врз Украина, а зоната на веројатен влез на беспилотни летала е одредена во близина на границата, во југоисточниот округ Тулча, соопшти денеска Министерството за одбрана во Букурешт.
Романија, која е членка на НАТО, подигна два борбени авиони за да го следат нападот од воздух, пренесува Ројтерс.
Паѓањето на делови од беспилотни летала и нарушувањето на воздушниот простор на Романија се редовна појава во последните година и пол, откако Русија ја нападна украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав, наведува агенцијата, пренесува Танјуг.