Свет
Демонстрација на мускули меѓу Русија и НАТО
Психолошката војна меѓу НАТО и Русија би можела да прерасне во жесток конфликт по инерција на руско-грузиското спротиставување. Започнатите воени маневри на НАТО во Грузија ја подигаат нервозата во Кремљ од каде најавуваат реципрочни мерки
Уште во предвечерјето на започнатите маневри на НАТО, што во Грузија се одвиваат на поранешната руска воена база Вазијани, Москва ги започна најмасивните раздвижувања на своите копнени и морски сили откако тие се стационираа во двете републики, по војната со Грузија во 2008 г. Таму сега се одвиваат воени вежби што мошне лесно би можеле да прераснат во отворен судир со НАТО-силите, бидејќи двете паралелни маневри се на оддалеченост помала од 70 километри. Како што изјави претставник од руското МНР, маневрите имаат демонстративен и предупредувачки карактер во однос на Грузија и се поврзани со концентрацијата на грузиски специјални сили и воена техника во непосредна близина на териториите на Абхазија и Јужна Осетија. Инаку, базата Вазијани беше подложена на жестоки бомбардирања од страна на руската воена авијација во август 2008 г., а десетина дена пред обидот на грузиската армија насилно да ја присоедини Ј. Осетија, на оваа воена база се одвиваше завршниот дел од грузиско-американската воена вежба наречена “Достоинствен одговор – 2008”. На овие воени вежби на НАТО во Грузија земаат учество помалку од илјада припадници на воените сили како на Македонија, така и на тринаесет други земји, како на пример Ерменија и Азербејџан, подалечни сојузници на Русија. Од деветнаесет земји, колку што се планираше да учествуваат, по консултациите со Москва своето учество го откажаа пет, меѓу кои се Казахстан, Молдавија и Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

