Контакт

Региони

Црвен крст: Потребна е вода за пиење и средства за хигиена за настраданите во поплавите

Објавено пред

Црвениот крст апелира за помош на настраданото население од поплавите во Македонија, а најголема потреба има од вода за пиење и средства за хигиена, како и средства за дезинфекција.
 

dobivaj vesti na viber

Црвениот крст апелира за помош на настраданото население од поплавите во Македонија, а најголема потреба има од вода за пиење и средства за хигиена, како и средства за дезинфекција.

 

„Помошта компаниите можат да ја предадат во Скопје во магацинот на Црвениот крст во Момин Поток, со адреса ул.„Момин Поток“ бб, телефон за контакт: 3114 – 355“, се вели во соопштението.

 

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

 

– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

 

Хуманитарната акција започнува од 03.02.2015 и трае до 15.02.2015 година.

 

Инаку, поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во земјата, предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во неколку региони во земјата. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението за што веднаш надлежните институции презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите.

 

Црвениот крст, согласно сопствените капацитети веднаш се вклучи во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им беше дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење. Црвениот крст согледувајќи ја состојбата во поплавените подрачја продолжи со дејствување за обезбедување на помош на настараданото население. Во овој момент се наметнува потреба за обезбедување на дополнителни количина на вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, како и во други подрачја кои поради излевање на реките водата не е за пиење.

 

За текот и резултатите од акцијата јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.

 

Црвениот крст упатува голема благодарност до граѓаните за интересот и подготвеноста да се вклучат во ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Црвениот крст  дополнително ќе информира за евентуалната потреба од вклученост на граѓаните за обезбедување на конкретна материјална помош./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија43 минути

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија2 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија3 часа

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија3 часа

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија3 часа

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија3 часа

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...

Македонија3 часа

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет5 часа

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е многу...

Европа5 часа

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...

Свет5 часа

Трамп го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му го додели на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк Претседателскиот медал за слобода, највисокото цивилно...

Регион5 часа

Грчкиот парламент денес гласа дали ќе го воведе најдолгиот работен ден во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен...

Свет5 часа

(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми. Автобусот превезувал повеќе од 50...

Свет17 часа

Трамп ги третира европските лидери како марионети во својот „куклен театар“, вели Карпович

Претседателот на САД, Доналд Трамп, гледа дека европските лидери му се целосно потчинети и се подготвени да реагираат на секој...

Македонија22 часа

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија23 часа

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија23 часа

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија1 ден

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија1 ден

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...

Македонија1 ден

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...