Забава
Live in Zagreb – прво ДВД на Влатко Стефановски

Во пресрет на новата хрватска летна турнеја со Мирослав Тадиќ – Поздрав обали и отоцима, која на 27-ми јули стартува од Вараждин, а ќе трае до 9-ти август, Влатко Стефановски ќе го објави своето прво ДВД во својата долга и богата кариера
Со наслов Live in Zagreb, ДВД-то е всушност видео-снимка направена на 6-ти август 2007-та година во хрватската престолнина, на локацијата позната како Опатовина.Всушност, се работи за заедничкиот концерт на Влатко Стефановски, со Мирослав Тадиќ, на кој како гости настапија бугарскиот кавалџија Теодоси Спасов и индискиот музичар Swapan Chaudhuri.Live in Zagreb ќе се најде во издание на балканскиот дискографски магнат Кроација рекордс, а освен DVD ќе содржи и CD со иста програма.Проектот е подготвуван темелно подолг период, а освен концертниот материјал, DVD-то ќе содржи и исклучително интересн off-моменти, од сцената и надвор од неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Андријана Јаневска ја изведе „Ако утре ме нема“ од ДНК: Еден од најтешките настапи во мојата кариера…

„Еден од најтешките настапи во мојата кариера… ‘Ако утре ме нема’ од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“, напиша пејачката Андријана Јаневска на социјалните мрежи и објави снимка од настапот.
Забава
(Видео) Ед Ширан настапи на улица и ги воодушеви минувачите

Британскиот пејач и текстописец Ед Ширан ги воодушеви обожавателите, минувачите и патниците со уличен настап во Лондон.
Ширан (34) свиреше на акустична гитара пред железничката станица Кингс Крос во петокот, облечен во впечатлива розова маица. Тој ја изведе новата песна „Азизам“, како и хитовите Perfect, Bad Habits и Shivers.
View this post on Instagram
Пејачот, познат по хитовите Shape of You и Thinking Out Loud, по настапот напиша објава на „Инстаграм“, во која атмосферата ја опиша како неверојатна.
Една случајна минувачка, која чекала меѓу возовите, изјави дека имала неверојатна среќа што била сведок на таква ѕвездена изведба.
Забава
Принцот Хари не сака Меган да објавува фотографии од децата?

Принцот Хари наводно не е премногу среќен што неговата сопруга Меган Маркл ги користи децата за да го промовира својот нов бренд As Ever.
Кралскиот уредник на британски „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3) ,на социјалните мрежи.
„Колку што сум запознаен, Хари би сакал неговите деца да останат надвор од очите на јавноста до одредена возраст“, рече Вилкинсон во петокот во A Right Royal Podcast.
View this post on Instagram
Од друга страна, Вилкинсон тврди дека Меган има поинаков став: „Таа порасна во Калифорнија и претходно веќе кажа дека сака да има калифорниски начин на живеење – да ги однесе на плажа, да излезат, да бидат активни“. „Таа не сака да ги крие“, рече новинарот иако забележа дека Маркл сè уште не ги покажува јасно лицата на своите деца, туку ги користи за да го претстави својот имиџ како мајка и домаќинка. „Хари, веројатно, не е премногу среќен поради тоа“, додаде Вилкинсон.