Македонија
ДИК со барање до СРД да спроведе јавна расправа за Правилниците
Државната изборна комисија ќе побара од Советот за радиодифузија да спроведе јавна расправа за прeдлог–правилниците за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнувањето на изборната кампања и за рамноправен пристап на медиумското претставување
Државната изборна комисија ќе побара од Советот за радиодифузија да спроведе јавна расправа за прeдлог–правилниците за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнувањето на изборната кампања и за рамноправен пристап на медиумското претставување и да им ги достави мислењата и предлозите од таа јавна расправа.
Ова беше предлог на членот на ДИК, Сашо Срцев кој побра да се тргне првата точка од дневниот ред на ДИК, односно барњњето на СРД за доставување на мислење по овие предлог – правилници, кој беше усвоен со 4 гласа и „за“ и 3 „против“.
„Барам двата правилника да се вратат до советот за радиодифуција на доработка со активно учество на сите, пресд се мислам на невладиниот сектор, ЗНМ, македонскиот центар за меѓународна соработка, МИМ, националните и локалните радиодифузери“ рече Срцев.
Членовите на ДИК се судрија околу предлогот на Срцев. Според, Бедредин Ибраими, ако ДИК не го разгледа ова барање, ДИК ги прекршува изборните одредби.
Јован Јосифовски имаше забалешки за тоа дека според деловникот за предлог измените и дополнувањата на дневен ред се гласа веднаш без да се отвори расправа. Тој заблежа на тоа дека другите членови навлегуваат во материјална, а не во процедурална расправа.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко рече дека ДИК нема надлежност да да му дава задолжение на СРД или да дискутира за забелешките на нивните правлиници.
„Ако ние како ДИК дискутирме за дадените поединечни сугестии, согласувања или несогласувања во таа претходна постапка за која е наделжен СРД, тогаш самата ДИК ќе се претвори во СРД, што е незаксонки и неуставно. Наша задаче е да дадеме мислење. Како потоа советот, како дошол до тој текст на правилник тоа воопшто не е ниту наша обврска ниту грижа и како ќе го спорведува срд си има законски овластувања. Значи согласно изборниот законик не можеме да навлегуваме во анализа која претходела, тоа е однос меѓу СРД и радиодифузерите. Ние ќе излезем во границите од нашите овластувања и за тоа за мене ваквиот негов предлог не е прифарлив, посебно за првиот правилник, кој се однесува за однесувањето пред изборна кампања, час поскоро треба да биде донесен затоа што не смееме да го оставиме медиумскиот простор нерегулиран. Подобро е да постојат правила на игра кои ќе бидат еднакви за сите и кои ќе се применуваат еднакво за сите, отколку да нема никакви павбила за игра.“ рече Кондарко./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.
Македонија
Левица обвинува за злоупотреби со земјоделски субвенции во Кавадарци
Поранешниот началник на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кавадарци, Митко Керов, член на СДСМ, со години злоупотребувал лични податоци на граѓани за незаконско осигурување на земјоделски поседи и прибирање државни субвенции, обвинија денеска од ПП Левица.
Според партијата, Керов во соработка со осигурителни компании осигурувал поседи во сопственост на граѓани, најчесто возрасни лица кои не користат електронски услуги на Министерството, без нивно знаење и без нивно присуство при склучување договори.
„Таргет на поранешниот началник биле возрасни граѓани кои вообичаено не пристапуваат на софтверите за услугите на Министерството, со што тие воопшто не би дознале дека нивните поседи се осигурани“, велат од Левица.
Од партијата наведуваат дека Керов ги осигурувал поседите, аплицирал за субвенции за покривање на осигурителните премии и од тие средства добивал лична корист, а за граѓаните станало јасно што се случува дури откако нивните поседи биле оштетени од мраз во изминатите неколку сезони.
„Земјоделците, при аплицирање за обештетување преку јавните повици во општините, биле одбиени со образложение дека нивните поседи се веќе осигурани, иако тие никогаш самите не аплицирале“, посочуваат од Левица.
Според наводите, во обид да ја прикрие ситуацијата, Керов преку физичко лице – неговиот татко И. Керов – уплаќал симболични суми на сметките на дел од оштетените земјоделци, со опис на дознаката „Штета за 2024 година“.
„Очигледна е ноторната злоупотреба на службената положба и овластување, како и злоупотреба на државни средства за субвенционирање“, нагласуваат од партијата.
Од Левица дополнително обвинуваат дека за случајот биле информирани структури од ДПМНЕ, но наместо да постапат, свесно молчеле и вршеле притисок скандалот да не излезе во јавност.
„Наместо институционална реакција, се прават обиди за релативизирање и заташкување на случајот, со цел да не се отвори поширока истрага која би ја разоткрила целата мрежа на корупција“, велат од Левица.
Партијата го повикува Јавното обвинителство да отвори истрага, да ги провери сметките на членовите на семејството Керови, сопствениците на осигураните поседи, како и да ги испита наводите од граѓани од Кавадарци и Росоман.
„Доколку има потреба, истрагата треба да се прошири и во други локални самоуправи и да се преземат соодветни мерки“, порачуваат од Левица.
Македонија
ССМ повикува на масовен протест за плати: „Ова е борба за достоинството на работниците“
Сојузот на синдикатите на Македонија најави масовен работнички протест што ќе се одржи на 28 јануари во 17 часот во Скопје, со главно барање зголемување на работничките плати и покачување на минималната плата на 600 евра. Протестот ќе започне пред Работничкиот дом, а потоа ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.
Во отворено писмо до работниците, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порачува дека протестот не е прашање на избор или удобност, туку егзистенцијална борба.
„Овој протест не е за ‘ако имаш време ќе дојдеш’, туку за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први. А кој да протестира за твојата плата ако не прво ти, па сите ние заедно“, наведува Трендафилов.
Тој обвинува дека работниците се потценети и од работодавачите и од власта, при што едните профитираат од ниски плати, а другите ја користат економската несигурност за политичка контрола.
„На газдите им е важно со ниски плати да им го создавате капиталот, а на властите со ниски плати да ве владеат – сиромашен, но послушен народ“, се наведува во писмото.
Според ССМ, над 200 илјади работници во државата земаат плата под 31.200 денари, што е под прагот на сиромаштија, додека функционерите добиваат значителни покачувања.
„Неправдата е во тоа што за нив има зголемувања од 250 евра и 78 проценти, а за работниците – ништо. Истите тие на кои им ја давате моќта и платата, не водат грижа за вас и вашите семејства“, посочува Трендафилов.
Во писмото се предупредува и на, како што се наведува, обидите работниците да бидат заменети со поевтина работна сила од странство, како и на непочитувањето на колективните договори, поради што дел од вработените се принудени правдата да ја бараат на суд.
„Тие мислат дека не ви треба зголемување на платата затоа што не барате. Ако молчите, тие мислат дека ви е доста“, се наведува во пораката.
Трендафилов потенцира дека протестот е и за оние кои се плашат да излезат јавно, но и за сите граѓани, бидејќи зголемувањето на платите ќе значи и зголемување на пензиите.
„Господата ви личат големи затоа што им клечите. Станете со нас и ќе видите колку се всушност мали“, порачува тој.
ССМ информира дека протестот ќе се одржи по работно време за да можат да присуствуваат што поголем број работници, а ќе биде обезбеден и коридор за итни случаи.
„Јас и луѓето што ги знам ќе бидеме таму. Можеби сами не можеме да промениме многу, но заедно можеме да промениме сè. Овој протест е само почеток“, порачува Трендафилов.
Главното барање на протестот е зголемување на платите за најмалку 6.000 денари преку покачување на минималната плата на 600 евра.
„Изговор да не протестираат за плата може да имаат само газдите и избраните и именуваните. Време е“, завршува Трендафилов.

