Скопје
Лицата со Даунов синдром дел од третиот Kick Off Picnic на SWT Alumni

Kick Off Picnic-от ќе се организира во сабота во Градски парк кај Школка, со почеток во 11:30 часот.
Покрај SWTA, како поддржувачи на настанот ќе бидат добро-познатите музички изведувачи: Нокаут, Самакутра и DJ Charley.
Покрај добрата музика, синоним за пикник е ѝ добра храна, за која овој пат се погрижија домашните супербрендови Пекабеско, Тинекс, Нестле, и Канела. За комплетна забава и дополнително уживање се погрижија Office Plus, Comfy Angel, и Купиоддома.
И овој пат поддржувајќи, развивајќи и споделувајќи позитивни искуства, собраните финансиски средства од овој хуманитарен настан, SWTA ќе ги донира организирање на Летен Танц Камп за лицата со Даунов синдром, членови на танчерската група Dancers United. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)