Спорт
Марио Балотели повторно изоставен од Мурињо

Напаѓачот на Интер, Марио Балотели трет натпревар по ред ќе биде исклучен од тимот на Интер пред утрешниот натпревар со Ливорно.
Напаѓачот на Интер, Марио Балотели трет натпревар по ред ќе биде исклучен од тимот на Интер пред утрешниот натпревар со Ливорно.
Постојаните караници со тренерот на Интер, Жозе Мурињо предизвикаа тој да биде изоставен и од натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Челзи минатата недела, а во италијанските медиуми се почести се шпекулациите дека тој наскоро ќе си замине од клубот.
Вчера Балотели беше снимен како го облекува дресот на градскиот ривал Милан. Интер се наоѓа на само бод пред Милан на табелата во Италијанската Серија А.
Листата на фудбалери кои денеска ја објави Жозе Мурињо за утрешниот натпревар со Ливорно гласи: Голмани: Франческо Толдо, Хулио Цезар и Паоло Орландони.Одбрана: Иван Кродоба, Хавиер Занети, Лусио, Маикон, Марко Матераци, Валтер Самуел, Кристијан Киву.Среден ред: Рикардо Кварезма, Тијаго Мота, Сули Мунтари, Мекдоналд Марига, Естебан Камбијас.Напад: Самуел Ето, Диего Милито, Горан Пандев, Матија Дестро, Марко Арнаутовиќ./крај/гол/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ со мали проблеми успешно стартуваше на Вилблдон

Фото/ EPA/NEIL HALL
Новак Ѓоковиќ успешно го помина првото коло на Вимблдон по 20-ти пат во својата кариера.
На почетокот од турнирот, кој го освои седум пати, шестиот играч во светот го победи Александер Муле со 3-1, во сетови 6:1, 6:7 (7), 6:2, 6:2.
Новак се мачеше во одредени моменти, му подаруваше поени на својот ривал, бараше медицински тајм-аут, но по речиси три часа и 20 минути игра, забележа победа.
Првиот, третиот и четвртиот сет минаа во доминација на Ѓоковиќ. Српскиот тенисер самиот си направи проблеми во вториот сет. Ѓоковиќ пропушти дури 11 брејк топки и шест сет топки за предност од 2:0, а во тај-брејкот испушти предност од 5:2 и буквално му го подари сетото на Муле, 41-ви на АТП листата. .
Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против домашниот тенисер, Даниел Еванс.
Спорт
(Видео) Гонзало Гарсија го одведе Реал во четвртфиналето

Фото/ EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH
Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД по минималната победа над Јувентус.
Дерби натпреварот од оваа фаза од натпреварувањето, одигран на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, заврши со резултат 1:0 (0:0). Стрелец на единствениот гол беше Гонзало Гарсија во 54-та минута.
Реал Мадрид се пласираше во осминафиналето како победник во Групата Х, додека Јувентус заврши втор во Групата Г зад Манчестер сити.
Во првото полувреме немаше голови, иако играчите на двата тима имаа шанси во неколку ситуации, пред сè Рендал Коло Муани (Јувентус), Џуд Белингам и Феде Валверде (двајцата Реал Мадрид).
Во продолжението, се започна со иницијатива на шпанскиот тим (шанси на Белингам и Хујсен), а во 54-та минута, конечно беше затресена италијанската мрежа: Стрелец беше 21-годишниот напаѓач Гонзало Гарсија Торес, кој сè повеќе му се наметнува на Чаби Алонсо.
Тој скокна високо по центаршутот на Трент Александар Арнолд и го совлада одличниот голман Микеле Ди Грегорио.
Тоа беше неговиот трет гол и сега е најдобар стрелец на Реал на Светското клупско првенство.
Реал имаше повеќе можности во остатокот од натпреварот, но Ди Грегорио повторно се истакна и ги сопре обидите на Валверде, Арда Гулер и Чуамени.
Реал Мадрид ќе игра во четвртфиналето на 5 јули во Њу Џерси против победникот од последниот осминафинален натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Монтереј. Таа средба започнува во три часот по полноќ.
Сите четвртфинални парови
4 јули, Пасадена: Палмеирас (Бразил) – Челзи (Англија)
4 јули, Орландо: Флуминенсе (Бразил) – Ал Хилал (Јужна Арабија)
5 јули, Атланта: ПСЖ (Франција) – Баерн (Германија)
5 јули, Њу Џерси: Реал (Шпанија) – Дортмунд (Германија) / Монтереј (Мексико)
Спорт
Ден полн со големи изненадувања: Зверев и Коко Гоф си одат дома

Foto/ EPA/DANIEL HAMBURY
Вториот ден од Вимблдон донесе голем број интересни натпревари, но и неколку изненадувања. Сензационални елиминации доживеаја третиот носител кај мажите, Александар Зверев и втората носителка во женска конкуренција Коко Гоф.
Во натпревар што траеше два дена, Артур Риндеркнеч го победи третиот играч во светот, Александар Зверев со 7:6 (3), 6:7 (8), 6:3, 6:7 (5), 6:4 по четири часа и 42 минути игра. За неверување е податокот францускиот тенисер не му дозволи на Зверев ниту една брејк топка.
Дарија Јастремска направи големо изненадување елиминирајќи ја втората тенисерка во светот, Коко Гоф. Украинката, која моментално е 42-ра на ВТА листата, против актуелната шампионка на Ролан Гарос славеше со 7:6 (3), 6:1 за прв триумф против Американката, во нивниот четврти меѓусебен дуел.
Негова следна противничка ќе биде Захарова.