Спорт
Жерар Улие заврши во болница
Менаџерот на англискиот премиерлигаш Астон вила, 63-годишниот Французин Жерар Улие, е хоспитализиран во болница во Бирмингем, откако му се слошило, јавија британските медиуми
Ссостојбата на Жерар Улие вечерва е стабилна, но тој ќе остане на болничко набљудување неколку дена, па во сабота не ќе може да го води својот клуб во првенствениот меч сo Сток сити. Екипата на Астон вила на овој натпревар ќе го води неговиот асистент Гери Мекалистер, соопшти клубот.Улие пред десетина години имаше големи здравствени проблеми, кога беше подвргнат на операција на срцето откако на мечот меѓу Ливерпул и Лидс јунајтед одеднаш му се слоши. Подоцна тој почувствува и болки во градите па итно беше опериран, што според лекарите му го спасило животот. Жерар Улие ја презема Астон вила во септември минатата година,а претходно ги водеше француски Лион (од 2005 до 2007), Ливерпул (1998 – 2004) и Ленс (1982 – 1985). Ја предводеше и француската фудбалска национална селекција. Прво во периодот 1088 – 1992 г., како асистент, а потоа и како самостоен селектор од 1992 до 1993 г
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нема место во Баерн, Тел заминува на позајмица
Матијс Тел беше претставен како важно засилување и проект на Баерн, но кај Винсент Компани нема место во тимот, па разделбата е блиску.
Во претходните две сезони Тел и покрај тоа што имаше само 19 години редовно добиваше шанса, особено кај Томас Тухел. Работите се сменија со доаѓањето на новиот тренер. Венсан Компани смета дека младиот Французин не му е потребен.
Од почетокот на сезоната, Тел има само четири настапи во Бундеслигата, од кои еден во второто коло против Фрајбург. Оттогаш не игра разделбата е извесна што потврди и спортскиот директор на Баерн:
„Разговараме со играчите, како и со стручниот штаб, бидејќи за нас е важно момците да преземат добри чекори во развојот на нивните кариери“, изјави Фројнд.
Баерн би можел да го испрати Тел на позајмица, а договорот на Французинот со клубот од Минхен истекува во 2029 година.
Спорт
Ла Лига: Винисиус се занимава со пиратерија
Винисиус Жуниор поради повреда не играше за Реал против Ливерпул, во средата. Реал загуби на „Енфилд“ со 2:0.
Бразилецот и покрај тоа што не играше успеа да предизвика скандал и реакција од Ла Лига. Тој со објавата на Инстаграм сакаше да покаже колку му е тешко што не е со тимот на „Енфилд“.
Винисиус се снимил како го гледа натпреварот во својот дом во Мадрид и го објавил на споменатата социјална мрежа. На екранот на неговиот телевизор јасно се гледа логото на ТНТ Спортс од Бразил. Ова предизвика реакција од Ла Лига, која на Реал му испрати официјална жалба за однесувањето на својот ас.
„За време на натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал, Винисиус објави фотографија на Инстаграм како го следи натпреварот. На екранот се гледа логото на ТНТ Спортс. Ова е пиратерија. Кога некој ги гледа натпреварите од Лигата на шампионите од Шпанија, тоа мора да се направи преку Мовистар канал, кој ги плаќа правата за споменатото натпреварување во оваа земја“, стои во дописот од Ла Лига испратен до Реал.
Спорт
Ливерпул без Конате во дербито против Манчестер сити
Централниот фудбалски настан во Англија викендов е дуелот помеѓу Ливерпул и Манчестер сити на „Енфилд“. Натпреврот ќе се одигра во недела од 17 часот.
Клубот од „Енфилд“ игра одлично од почетокот на сезоната. Ливерпул моментално е на врвот во Премиер лигата, како и во Лигата на шампионите, тимот со Арне Слот на клупата има 17 победи на 19 одиграни натпревари од стартот на сезоната.
Лоша вест за Слот е повредата на Ибрахим Конате. Дефанзивецот се повреди во средата против Реал. По последниот свиреж на судијата Франсоа Летексие тој остана на теренот каде му беше укажана помош, а потоа со помош на лекарскиот тим замина во соблекувалната.
Ливерпул претпладнево објави дека Конате нема да игра до крајот на годината, односно го очекува пауза од околу шест недели.
Веројатно на местото на Конате, во тандем со капитенот Ван Дајк ќе игра Џарел Кванса. Од стартот на сезоната Кванса има одиграно само 45 минути во Премиер лигата, две минути на теренот беше во Лигата на шампионите, а во Лига купот собра 180 минути.