Свет
„Ресурсис“ стана газда на топилницата

Нов газда на велешката топилница МХК „Злетово“ е фирмата „Ресурсис холдинг“, регистрирана во Холандија, а за зад која стојат израелските сопственици на кавадаречки „Фени“.
ВЕЛЕС
Нов газда на велешката топилница МХК „Злетово“ е фирмата „Ресурсис холдинг“, регистрирана во Холандија, а за зад која стојат израелските сопственици на кавадаречки „Фени“. Доверителите на топилницата вчера ја прифатија понудата на „Ресурсис“ од 7.601.000 евра.
Оваа фирма беше единствениот заинтересиран купувач на петтиот меѓународен тендер за продажба на комбинатот, кој се продаде без обврски кон вработените и исчистен од долгови. Новиот сопственик ќе ги уплати парите на две рати, при што првата ќе биде веднаш, а втората во рок од една година и за неа е обезбедена банкарска гаранција.
Стечајниот управник на МХК „Злетово“ Владислав Тамбурковски вчера не кажа колкав ќе биде износот на ратите. Тој не сакаше да ги коментира информациите што ги пласира Владата дека „Ресурсис холдинг“ ќе ја рестартира топилницата за осум месеци, ќе вработи 1.000 лица и ќе вложи околу 20 милиони евра.
– Условите на тендерот беа јасно прецизирани со почетна цена, без обврски кон вработените и без долгови така што ништо друго освен цената не е разгледано. Во пристигнатата документација за понудата нема дополнителни елементи – изјави Тамбурковски.
Комплексите „Хемија“, каде што е фабриката за вештачко ѓубриво „ХИВ“, и „ Металургија“, каде што се наоѓа топилницата, се продаваа една година. Почетната цена беше 13,5 милиони, потоа се намали на 9,1 милиони, за да се сведе на 7,6 милиони евра. На претходните тендери не пристигна ниту една понуда.
(П.П.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германскиот шеф на дипломатијата: Самитот во Унгарија е втор обид Путин да сфати сè сериозно

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека планираните разговори во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се уште еден обид да се охрабри Путин да се вклучи во сериозни преговори, но нагласи дека Украина мора да биде вклучена во секоја одлука.
Вадефул го изјави ова за време на посетата на Анкара, каде што се сретна со својот турски колега.
Украина не беше поканета на разговорите меѓу Трамп и Путин.
Свет
Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“, Трамп рече дека мерката е одговор на одлуката на Кина да го прошири надзорот над извозот на минерали со кои таа доминира. И покрај остриот тон, тој потврди дека за две недели ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Јужна Кореја, додавајќи дека сè уште е можен фер договор со Кина.
Пазарите реагираа позитивно по неговата изјава, берзанските индекси на Волстрит забележаа раст, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг најавија телефонски разговор за продолжување на трговските преговори.
Свет
Хамас ги повика медијаторите да ги забрзаат следните фази од договорот за Газа

Хамас денеска ги повика медијаторите да ги забрзаат следните фази од договорот за прекин на огнот во Газа, вклучувајќи го отворањето на границата, почетокот на реконструкцијата, воспоставувањето администрација и повлекувањето на Израел.
Борбите во Газа во голема мера престанаа, според планот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го потпишаа медијаторите Египет, Катар и Турција.
Но, следните фази беа запрени, делумно поради обвинувањата од Израел дека милитантите биле премногу бавни во предавањето на телата на заложниците.
Израел вчера објави дека се подготвува повторно да го отвори граничниот премин Рафа со Египет, но не одреди датум, обвинувајќи го Хамас за кршење на примирјето. Неисполнетите елементи на планот се разоружувањето на милитантите и идната администрација на Газа.
Хамас соопшти дека останува посветен на договорот за прекин на огнот и предавањето на преостанатите тела, но дека тоа е процес што одзема време.