Свет
Косово без еуфорија: Една и пол година по независноста
Како се живее во најмладата држава по прогласувањето на независноста?
Безбедносната ситуација навидум е значително подобрена но дали е доволно? И секако каков интегритет и просперитет ќе биде постигнат кога српското малцинство одбива да се помири со новонастанатата ситуација на секој левел.Земја во која етничкото албанското население достигнува број до 2 милиона – околу 90 % проценти од целата популација-. 100,000 срби го сочинуваат малцинсвото на оваа мала држава живеејќи одвоено од албанското население со постојан надзор од една од најголемите НАТО бази во околината. Бондстил- Воена база на сред косовското поле, 40 километри јужно од Приштина, најголемата американса база. Глетка која го прикажува градот во целост, град кој тоне во егзистенцијалниот лавиринт и нетолеранцијата. Внатрешноста бодликави жици, подземни складишта, најопремена болница, игралишта, кино, теретани. Во оваа база се вложени стотици милиони долари.По се изгледа е јасно, да американците одтаму нема да си заминат брзо…Правилата таму е строги, алкохлот е забранет, излезите од кампот се ретки..Но, ни на Косово не се дише полесно. Држава си добија, но сиромаштијата е видлива на секој чекор. Мали плати, уште помали пензии, економскиот напредок- недостижен и далечен.Сејди Гаши веќе 16 години заработува како таксист. За две евра вози од едниот до другиот крај на градот. “За просечно семејство, за живее нормално со две деца потребни се барем 400-500 евра“, вели Гаши. Година и пол по проглаувањето на фамозната независност, еуфоријата изчезна. На младата држава со околу 2 милиони жители нималку не им е лесно.Социјалното незадоволство и невработеноста во Косово се секојдневност. Во земја која целосно се потпира на финансиската помош од западот е многу тешко. Се шверцува со странски валути, долари и евра, криминалот и корупцијата се константно присутни и дел од реалноста.За разлика од КФОР, војната мисија на НАТО која има за цел да помогне на полицијата, правосудството и царината не е добредојдена.Албанскиот поглед на заедничкиот живот и иднина со србите нема да е промени. Два непомирливи света ги дели мостот на реката Ибар – Косоварите на југ, србите на север. Градот кој некогаш беше Косовска, па Титова, сега е само Митровица. Возможни ли се мир, демократија и надминување на етничките конфликти без таа толеранција што недостасува? Под полициски и воен надзор, косовската независност се чини е на самиот почеток на долгиот пат што треба да го изоди за конечна благосостојба и меѓуетничка толеранција…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“
Канцеларијата за контрола на странските средства на Министерството за трговија на САД го продолжи рокот за завршување на трансакциите поврзани со преговорите и склучувањето договори за продажба на меѓународни средства на руската нафтена компанија „Лукоил“ до 13 декември, објави американската агенција.
Американската страна исто така го продолжи рокот за завршување на трансакциите со бугарските подружници на „Лукоил“ до 29 април 2026 година.
Обединетото Кралство воведе санкции врз „Лукоил“ кон средината на октомври, со рок до 29 ноември за завршување на трансакциите. Потоа се приклучи и Вашингтон, со санкции што требаше да стапат во сила на 21 ноември.
Кон крајот на октомври „Лукоил“ потврди дека поради санкциите, одлучил да продаде средства во странство и ја прифатил понудата на швајцарскиот „Гунвор“. Но, „Гунвор“ ја повлече понудата на почетокот на ноември по сигналите од Вашингтон дека дозволата нема да биде издадена додека трае војната во Украина.
Според извори на „Ројтерс“, американскиот фонд „Карлајл“, кој управува со средства во вредност од 474 милијарди долари, размислува за купување на меѓународните средства на „Лукоил“ како целина.
Поединечни клиенти се заинтересирани за индивидуални проекти: „Шел“ наводно ги сака платформите на „Лукоил“ во Гана и Нигерија, „Џенгиз холдинг“ вели дека не се откажува од купувањето на бугарската рафинерија „Нефтохим Бургас“.
Од „Лукоил“ велат дека се во преговори со неколку потенцијални купувачи и дека неговата цел е да обезбеди континуирано работење на сите странски проекти за време на продажбата со цел да се избегнат прекини во снабдувањето со енергија и да се зачуваат работните места.
Компанијата поседува во странство: рафинерии во Бугарија, Романија и Холандија, удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Ирак, Мексико, Гана, Египет, Нигерија и мрежа од речиси 2.500 бензински пумпи во 19 земји, вклучувајќи ја и Македонија.
Вкупно, произведува околу 2 % од светската нафта, од која 0,5 % е надвор од Русија.
Вредноста на странските средства се проценува на речиси 22 милијарди долари, според берзанските поднесоци од 2024 година.
Свет
600.000 деца од Газа две години не одат на училиште: „Животот им се претвори во страв и бегство“
Бисан Јунис стои тажно пред неколку шатори опкружени со урнатини и остатоци, пустош што стана вообичаена глетка во Појасот Газа. Малиот камп е уште едно импровизирано училиште во кое нема место за нејзиниот син тинејџер, Карим. Војната меѓу Израел и милитантната група Хамас остави повеќе од 600.000 палестински деца во Газа да ги пропуштат последните две години од училиште, објавува „АП њуз“.
„Повеќето училишта се уништени“, изјави таа за „Асошиетед прес“. „Во секое училиште во кое одам ми велат дека нема место“.
Наместо да учат и да се дружат, децата постојано се раселени бегајќи од воздушни напади и гранатирање и честопати ги поминуваат деновите барајќи вода и храна за своите семејства. Откако минатиот месец беше постигнат и во голема мера почитуван прекин на огнот, хуманитарните работници сега работат на повторно отворање десетици импровизирани училишта.
Враќањето на училиште е клучно за менталното здравје
Џон Крикс, портпарол на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца, рече дека е клучно децата да се вратат на училиште што е можно побргу не само за основно образование туку и за нивното ментално здравје. „Во наредните недели, ако не обезбедиме образование, последиците би можеле да бидат катастрофални за цела генерација“, рече тој.
УНИЦЕФ проценува дека повеќе од 630.000 палестински деца го пропуштиле школувањето за време на војната. Крикс рече дека само приближно 100.000 деца успеале да се вратат досега. Одделно, УНРВА, агенцијата на ОН за палестински бегалци, обезбедува одредено образование преку своите ангажирани наставници за речиси 40.000 ученици. Повеќето од училиштата управувани од УНРВА, кои ги посетувале половина од децата во Газа пред војната, се претворени во засолништа за раселени лица.
Недостигот на простор е клучна пречка: десетици училишта се тешко оштетени или целосно уништени. Многу од нив сè уште се користат како засолништа за Палестинците, кои постојано се раселуваат за време на интензивното бомбардирање на енклавата.
Училиштата претворени во засолништа
Дури и децата што се враќаат во импровизирани училишта го носат психолошкиот товар што доаѓа со војната и раселувањето.
„Нивото на траума кај жителите на Газа, вклучувајќи ги и децата, е ужасно“, рече Џулиет Тума, директорка за комуникации на УНРВА.
„Децата заборавија сè што научија. Нивниот живот во последните две години се движеше кон носење вода, трчање по возила за помош, војна, Хамас, гранатирање, уништување. Тие живееја во страв и терор“, рече таа.
Тума предупредува на изгубена генерација – колку подолго децата остануваат надвор од училиште, толку потешко ќе биде еден ден да стигнат до своите врсници на друго место. Таа се грижи дека ако децата го пропуштат образованието, поголема е веројатноста да станат „жртви на експлоатација, вклучувајќи детски бракови, детски труд и регрутирање во вооружени групи“.
фото: принтскрин
Свет
Германската влада планира да го укине декретот за суспензија на продажбата на некои видови оружје во Израел во наредните недели
Германската влада планира да го укине декретот за суспензија на продажбата на некои видови оружје во Израел во наредните недели, што ќе овозможи продолжување на извозот на оружје во таа земја од 24 ноември, изјави денес портпаролот на германската влада.
„Владата, по правило, ќе го преиспита секој случај поединечно во одлуките за извоз на оружје и ќе реагира на понатамошниот развој на настаните“, рече портпаролот, според агенцијата „Ројтерс“.
Портпаролот рече дека Германија останува посветена на поддршката на трајниот мир меѓу Израел и Палестинците врз основа на решение за две држави и ќе продолжи да биде вклучена во поддршката на реконструкцијата во Газа.
Германија, која е втор најголем извозник на оружје во Израел по Соединетите Американски Држави, го суспендира извозот на некои видови оружје во Израел во август поради притисок од јавноста за кој беше објавено дека ќе биде откажан откога беше постигнат мировниот договор меѓу Израел и Хамас, кој беше постигнат со посредство на Соединетите Американски Американски Држави во октомври.
Фото: принтскрин

