Региони
Поголем дел од селата во струшкиот, охридскиот и ресенскиот регион добија струја – ФОТО
Состојбата со електро снабдувањето во кризните региони полека се нормализира, соопшти ЕВН Македонија, додавајќи дека во петокот вечерта поголем дел од отсечените села во струшкиот, охридскиот и ресенскиот регион добија електрична енергија.
Во екстремно лоши услови екипите на ЕВН Македонија со над човечки напори работат на санираање на поголем број на дефекти настанати од интензивните снежни врнежи и силнот ветер,се вели во сооштението.
Нормализирано е снабдувањето во преспанските населени места Козјак, Горна и Долна Бела Црква, Езерани и колекторот во Езерани, Љубојно, Долно Дупени, Лева Река, Крушје и оптимистички се најавите дека до полноќ под напон ќе биде и населеното место Грнчари.
Во охридскиот регион електрична енергија добија Долно и Горно Лакочереј, Климештани, дел од Мешеишта и Требеништа, а сите дефекти на 10 кВ далекувод кај Велестово и Крушје се отстранети и вечерва или во раните утрински часови ќе биде нормализирано снабдувањето.
Во струшкиот регион нормализирано е снабдувањето во Горно и Долно Татеши, Љубаништа, Октиси, и Боровец. Во Делогожда и Радожда екипите на ЕВН и жителите на овие села заеднички се пробиваат до завеаните столбови и ќе се работи до доцните ноќни часови. Во струшкиот регион од ноќеска и раните утрински часови под напон се Калишта, Франгово, Радолишта, Феришта, Дреслаица, Мороишта, Ложани, Ливади, Биџево, Вевчани и Велешта. Интензивно се работи да се воспостави снабдување со електрична енергија и на населените места во Центар Жупа. Дефектите се отстранети и наскоро треба да се пушти под напон 10 кВ далекувод.
Благодарение на екипата со моторизирани санки на МВР времето на стигнување на електромонтерите до местото на дефектите значително се намали. Расчистувањето на непристапните места дозволи екипите на ЕВН да стигнат до завеаните трафостаници и паднатите столбови. Само во струшкиот регион паднати и искршени се 60 столба на 35 кВ далекувод и над 100 на 10 кВ далекуводи. Белата снежна мрежа проследена со тежок снег и силен ветер кој во планинскиот дел дувал со брзина од над 100 км на час буквално ги замрзнал столбовите, а потоа ги кршел и откорнувал од лежиштата.
Критични точки во снабдувањето сеуште има во дебарскиот регион и екипите на ЕВН Македонија интензивно работат на отстранување на дефектите. Во струшкиот регион на потегот околу Луково и Јабланица столбовите се тешко пристапни и екипите на ЕВН тешко се пробиваат до нив, но, и вечерва и утре ќе се работи на тоа да се нормализира снабдувањето.
Најкритични се селата во Дебарскиот регион во Реканскиот крај на потегот од Жировница до Бошков мост, каде комплетно е уништена дистрибутивната мрежа, и 35 кВ и 10 кВ далекувод. На овој потег се прави една нова врска, за само еден ден се подигна сосема нов далекувод од 12 столба, но двата затегнувачки столба кои ја прават врската преку Дебарско езеро се урнати од ветрот и снегот и заедно со проводникот се во езерото. Вечерва и во утрешниот ден со специјализирани екипи и чамци ќе се постават два нови столба и ќе се премостува врската низ езерото, се вели во соопштението. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.