Свет
Поранешен државен секретар осомничен за матните зделки со М48
Поранешен државен секретар и шеф на Секторот за финансии и управување со
ресурси на Министерството за одбрана е осомничен за продажбата на 30.000 пушки
од моделот М48, потврдуваат извори од Министерството за одбрана.
ИСТРАГА ЗА ПРОДАЖБАТА НА
ПАРТИЗАНСКАТА ПУШКА
Поранешен државен секретар и шеф на Секторот за финансии и управување со
ресурси на Министерството за одбрана е осомничен за продажбата на 30.000 пушки
од моделот М48, потврдуваат извори од Министерството за одбрана. Лазе
Еленовски, министерот за одбрана, неодамна потврди дека е почната интерна
истрага за овој случај. Од МВР велат дека се уште не биле вклучени во
предистражните дејства за овој случај.
Продажбата на 30.000 нови парчиња од моделите М48 и М48А на американската
компанија „Мичел Маузер“ била направена некаде во 2002 година. Зделката стана
сомнителна откако сопственикот на американската компанија Дон Мичел за „Време“
изјави дека платил само 40 долари за пушка, а од друга страна ова оружје како
екстравагантно го продава за 1.000 долари од парче. Сомнежите уште повеќе се
зголемија и кога во МО го пронајдоа досието и открија дека на него има печат
„строгодоверливо“, иако се работи за оружје што нашата армија одамна не го
користи. Досието беше отворено по барање на „Време“.
Дополнително, Александар Генчов, советникот на Еленовски, соопшти дека всушност
пушките му биле продадени на посредникот, скопската фирма „Микеи
интернационал“, за 25 долари од парче, и тоа не за пари туку за компензација во
куршуми. Како што објасни Генчов, во досието има неколку анекси за стара и нова
муниција. Куршумите му биле испорачувани на МО до 2006 година. Сомневањата се
дека на ваков начин е намалена вредноста на продаденото оружје на 10 долари од
пушка.
Од МО немаше потврда, ниту демант дали се продадени уште пушки од резервите на
АРМ, за кои неофицијално дознаваме дека изнесуваат околу 120.000 пушки. Мичел,
пак, е упорен во намерата да ги купи сите М48 што МО е подготвено да ги
продаде.
Дознаваме дека во МО, по написите во „Време“, стигнале реакции од поранешни
македонски офицери на ЈНА, кои донеле документи во кои стоело дека купиле дел
од пушките. Нив во периодот 1989/90 година им било дозволено од тогашното
раководство на ЈНА да ги купат М48 како ловечко оружје. Им биле закинувани рати
од платите, вкупно 100 долари за пушка, но оружјето никогаш не го добиле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

