Свет
Авганистанските разузнавачи не ја потврдуваат смртта на Мула Омар
Главната управа за национална безбедност на Авганистан не потврдува дека е убиен лидерот на авганистанските талибани Мула Омар, пренeсува денеска Reuters повикувајќи се на претставник на авганистанските специјални структури
„Можеме да потврдиме дека Мула Омар исчезна од неговото засолниште во Квета, во провинцијата Белуџистан, пред четири или пет дена. Не можеме да потврдиме дали е жив или е мртов“, го цитира агенцијата портпаролот на Главната управа за национална безбедност на Авганистан, Латифуљ Машаљ. Претходно авганистанската телевизија TOLO, повикувајќи се на извор од авганистанските специјални сили, денеска пренесе дека водачот на радикалното муслиманско движење во Авганистан – Талибан, Мула Омер, бил убиен кога се обидел да го напушти пакистанскиот град Квета во покраината Северен Вазиристан, во пограничната со Авганистан планинска племенска област. Притоа не беа спомнати никакви други детали и датумот на загинувањето на Мула Омар. Потоа и претставници на безбедносните структури на Пакистан, исто така изјавија дека не можат да ги потврдат информациите за смртта на водачот на авганистанските талибани. Челниците на талибаните изјавија дека информацијата за ликвидацијата на Мула Омар „се фантастика и пропаганден трик“ со цел се шират дезинформации меѓу муџахедините и сите авганистански муслимани.Во соопштението на лидерите на движењето, објавено денеска на интернет страницата „Гласот на џихадот“, се тврди дека „емирот Муаменин (Мула Омар) е жив и во добра здравствена состојба… тој живее на безбедно место“. Информациите за смртта на Омар за талибаните е „пропаганда патка на окупаторските сили, чија цел е да ги минимизираат успесите постигнати во пролетната офанзива на талибаните“. Мула Омар стана познат откако во 1994 година во екот на граѓанската војна којашто следеше по повлекувањето на советските трупи од Авганистан, во административниот центар на авганистанската истоимена покраина Кандахар застана на чело на движењето на „муслиманските студенти – Талибан, кое стана опозиција на тогашната влада на претседателот Бурханудин Рабани.По соборувањето на талибанскиот режим од страна на американските сили и авганистанската Северната алијанса, Мула Омар пребега во странство. Претходно медиумите повеќепати пишуваа дека талибанскиот лидер раководи со операциите на неговите борци од соседен Пакистан. Во исто време, во медиумите во неколку наврати се појавија информација дека Мула Омар престанал со активното учество во раководството на движењето Талибан и неговото име се јавува само номинално како авторитетВо почетокот на мај, набргу по пораките на елиминирање на водачот на Ал Каеда Осама бин претставници Ладен на военото и политичкото раководство на САД и Италија, изјави дека следната лице за борба против тероризмот може да стане лидерот на талибанците во Авганистан, Мула Омар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

