Контакт

Спорт

Нaполи и Интер губат здив во трката за скудетото

Објавено пред

Се чини дека Наполи пред своите гледачи го доживеа клучниот пораз од Удионезе (1:2) во борбата за титулата, како и актуелниот првак Интер кој во саботата беше поразен од Парма

dobivaj vesti na viber

Во последниот меч од 33-то коло на Серија А фудбалерите на Удинезе иако ослабени за ниграњето на свите најдобри стрелец Антонио ди Натале и Алексис Санчез кои сезонава постингаа вкупно 38 голови (26 + 12) , успеаја да го совладаат на „Сао Паоло“ второпласираниот Наполи, кој на пет кола до крајот на првенството има шест бодови заостанување зад водечкиот Милан.За среќа на гостите од Удине напаѓачкиот ред на Наполи беше тотално индиспониран, и не успеа во текот на натпреварот да ги поврзе своите редови ниту да создаде чиста шанса за постигнување погодок. На спротивната страна Удинезе кој повеќе беше ориентиран на одбраната, со брзи контранапади посериозно се закануваше, а неговите напаѓачи од далечина се обидуваа да дојдат до водство. По борбеното прво полувреме кое заврши без голови, во вториот во 55 минута швајцарскиот (со турско потекло) играч од средината Гекан Инлер постигна прекрасен погодок шутирајќи силно и прецизно во самиот агол од околу 25 метри а само шест минути подоцна аренетинскиот напаѓач Герман Денис со одличен полуволеј на додавање од Колумбиецот Пабло Армерам по вторпат го совлада домашниот голман Морган де Санктис. Но Денис не го прослави својот погодок кој на Удинезе му отвори можност за што повисок пласман, бидјеќи до почетокто на сезоната играше токму за Наполи. Солидното водство на гостите ја зголеми нервозата на домашните играчи кои и претходно беа нестрпливи да го отворат резултатот пред своето преполно гледалиште во обидите да го намалт водството на Милан на само три бода. Во таква игра се редеа грешките на домаќините, а 87 минута најверојатно и деконцентриран од мешаницата на теренот, Единсон Кавани ја пропушти најголемата можност на Наполи да му донесе надеж дека во завршницата ќе може да дојде барем до бод. Кавани шутираше слабо од белата точка, што му овозможи на словенечкито голман на гостите Самир Хандановиќ да го одбрани ударот. Кавани и во продолжението од пет минути не успеа со волеј да ја затресе противничката мрежа од оддалеченост од помалку од десет метри, но за среќа овојпат промашената топка дојде до Маскара кој ја закова во мрежата на Удинезе. Наполи остана второто место со шест бодови помалку од Милан, а Удинезе исто така остана на петтата позиција, но ја намали предноста што пред него ја имаат Лацио – на само еден бод, Интер на четири бодопви и Наполи на шест, создавајќи си можност да се избори за излез во Лигата на шампионите. Уште еднаш оваа сезона фудбалерите на римски Лацио докажаа дека заслужуваат висок пласман и во последните пет кола од Сарија А ќе се борат за излез во Лигата на шампионите. Тоа го потврдија со денешната висока победа кај Катанија од 4:1.Головите за „бјанкочелестите“ кои сега имаат 60 бодови и се зацврстуваат на четвртата позиција, ги постигнаа Хернанес во 40, Маури во 56, Флокари во 78 и Зарате во 90 минута, додека Катанија успеа само да изедначи на 1:1 преку Шелото во 46 минута.Еден од најтрофејните италијански клубови торински Јувентус повторно пружи бледа партија, и овојпат на гостувањето кај Фиорентина одигра без голови. „Старата дама“ испушти голема можност да ја мине Рома по нејзиниот вчерашен пораз на „Олимпико“ од Палермо, и сосема да му се прибложи на петопласираниот Удинезе со што ќе си обезбеди излез на европската сцена.

Во 33-то коло од италијанското фудбалско првенство, важна победа во борбата за опстанок извојува Чезена која со голот на Богдани во 48 минута го совлада отпишаниот Бари кој досега има освоено само 21 бод. Чезена сега со 34 бодови се извлече од зоната за испаѓање и е на 17-то место, додека 18-та Сампдорија има 32 бода.Џенова ја совлада Бреша со 3:0. Стрелци беа Рафиња во 59, Берарди си постогна автогол во 71, и Антонели во четвртата минута од судиското продолжување. Џенова е на 11-то место со 42 бодови, додека Бреша има сѐ помалку шанси да се спаси од напуштање на лигата – има 30 бодови и е на претпоследното 19-то место. Киево ја совлада Болоња со 2:0, а головите ги постигнаа Констант во 15 и Маркилони во 83 минута. Киево е на 13-то место со 39 бодови едно место подоле со бод помалку од Болоња којашто беше казнета со одземање три бода.Највозбудливиот и најефиканскиот меч во неделата го одиграа Лече и Каљари – 3:3, при што гостите покрај тоа што први дојдоа во водство со голот на Аквафреска во 20 минута,  до самиот крај имаа водство од 3:1, до кое дојдода преку Конти во 67 и повторно Аквафреска во 72 минута. Но домаќините сепак на крајот дојдоа до бод со головите на Фабиано во 88 минута и на Корвиа во четвртата минута од судиското дополнување, откако на 1:1 претходно во 49 минута изедначи Месбах.  Со резултатот постигнат во саботата, актуелниот првак Интер на пет кола до крајот на првенството тешко може да се надева дека ќе ја одбрани титулата. Во саботата навечер Интер како гостин на „Енио Тардини“ загуби од Парма со 2:0. Себастијан Џовинко и Амаури беа стрелци на головите за домашниот тим. Парма освои значајни бодови во борбата за опстанок во лигата, додека Интер сега зад Милан заостанува осум бодови. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев во игра влезе во 77-та минута на местот на Харија.Лидерот на табелата Милан според очекувањата лесно се справи со Сампдорија, во победата од 3:0 погодоците ги постигнаа Сидорф, Касано и Робињо.Рома неочекуван со 2:3, загуби на домашен терен од Палермо. Франческо Тоти го постигна првиот гол на мечот, по што Палермо одговори со три погодока, на Пиниља и двапати Хернандез, додека Вучиниќ само го ублажи поразот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Дубаи, Хапоел и Макаби домаќини во странство до крајот на сезоната

Објавено пред

Клубовите, сопственици на Евролигата, на состанокот во вторникот одлучија дека трите клуба од подрачјата зафатени со воените дејствија, да бидат преместени на безбедини локации и таму да г играат натпреварите како домаќини.

dobivaj vesti na viber

Во прашање се израелските Макаби и Хапоел, како и Дубаи од Обединетите Арапски Емирати.

Сите три клуба ќе бидат домаќини во европските градови до крајот на сезоната, вклучувајќи ги и потенцијалните дуели од плејофот, потврди Евролигата.

Секако, причината за оваа одлука е војната во регионот од каде што доаѓаат овие три клуба.

Макаби речиси сигурно ќе се врати во Белград и во салата „Александар Николиќ“, каде што играше долго време за време на инвазијата на израелските трупи на Газа, додека Хапоел, како што стојат работите, ќе ги пречека своите ривали во Софија.

Хапоел веќе играше во главниот град на Бугарија во истиот период кога Макаби беше домаќин во Белград.

Кога станува збор за Дубаи, Сараево е првата опција за домаќинство на овој тим, но сепак, засега нема официјална потврда за оваа информација бидејќи се чека одобрение од властите од главниот град на БиХ.

До крајот на сезоната, сите три екипи ќе одиграат уште пет натпревари како домаќини.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Крај на сезоната за Родриго, ќе го пропушти и Светското првенство

Објавено пред

Најлошите стравувања за Реал Мадрид и бразилската репрезентација се остварија. Родриго ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено, со што ја заврши сезоната и ќе го пропушти Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

Степенот на повредата, која ја здоби на натпреварот против Хетафе, беше потврдена со медицински тестови утрово, што е голем удар и за играчот и за неговиот тим, пишува „Марка“.

Само неколку минути по влегувањето во игра, Бразилецот несмасно падна и го повреди коленото. Тој сепак успеа да продолжи и да го одигра натпреварот до крај.

Родриго се врати на теренот против Хетафе по речиси еден месец пауза поради повреда.

Откако беше потврдена сериозна повреда на коленото, Реал Мадрид ќе има само двајца напаѓачи за гостувањето во Виго, Винисиус и Гонзало Гарсија. Мбапе е исто така повреден, додека Мастантуоно е надвор од теренот поради црвениот картон што го доби против Хетафе.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Мбапе нема да игра до крајот на март

Објавено пред

Килијан Мбапе, 27-годишната ѕвезда на Реал Мадрид и член на француската фудбалска репрезентација, веројатно ќе биде на пауза до крајот на овој месец, објавија француските медиуми во вторникот.

dobivaj vesti na viber

Французинот не беше на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во синоќа, каде што неговиот Реал неочекувано беше поразен со 1-0 од Хетафе во натпревар од Ла Лига, но беше во Париз, каде што беше подложен на дополнителни тестови на повреденото лево колено. Медицинскиот тим на Реал беше со него.

Потврдено е дека има истегнување на левото колено, повреда што Мбапе ја има од почетокот на декември минатата година. Исто така, беше одлучено дека операцијата не е потребна, но дека на Мбапе му треба „одмор и трпение“ во моментов.

Во наредните недели, Мбапе речиси сигурно нема да му помогне на Реал на теренот, кој не игра добро во првенството, каде што ги загуби последните два натпревари.

Реал Мадрид исто така има два исклучително тешки натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Можно е Мбапе да го пропушти пријателските натпревари на нациоалниот тим. Франција ќе игра пријателски натпревари против Бразил и Колумбија на 26 и 29 март на нивната турнеја во САД.

Со 23 гола, Мбапе е моментално најдобар стрелец во Ла Лига, а исто така е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 13 гола.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија1 час

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија7 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија8 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија8 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија8 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија9 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија9 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија10 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија11 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија12 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија12 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет14 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет14 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет14 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет15 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет15 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет15 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет15 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија24 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...