Свет
Барселона даде понуда за Аргентинецот Серхи Араујо
Раководството на шпанскиот и европскиот фудбалски шампион Барселона се надева дека ќе успее да го доведе во својот клуб напаѓачот на аргентинскиот клуб Бока Јуниор, 19-годишниот Серхи Араујо.
Раководството на шпанскиот и европскиот фудбалски шампион Барселона се надева дека ќе успее да го доведе во својот клуб напаѓачот на аргентинскиот клуб Бока Јуниор, 19-годишниот Серхи Араујо.За младиот аргентински репрезентативец заинтересиран е и најголемиот ривал на Барселона – мадридски Реал. Мадридските „кралеви“ уште во 2006 година кога го доведоа во своите редови Фернандо Гаго направија договор со аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс, со кој на Реал му се дава предност кога се во прашање трансферите од овој клуб.Меѓутоа, Барселона во меѓувреме даде конкретна понуда за Серхи Араујо и во каталонската гордост се надеваат дека трансферот на младиот Аргентинец ќе биде успешно завршен. Притоа, според шпанскиот спортски печат, Барселона сака да доведе уште еден млад јужноамерикански фудбалер, и е блиску до остварување на трансферот. Станува збор за 17-годишниот играч од средината на теренот од Венецуела, Жоел Валенсија кој е член на младинскиот погон на шпанскиот прволигаш Реал Сарагоса. /крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

