Спорт
Динамо Загреб избегна демолирање во Мадрид

Иако фудбалерите на Реал Мадрид во средбата од 5-то коло од фудбалската Лига на шампионите на „Сантјаго Бернабеу“ за само 20 минути поведоа со 4:0, на крајот загрепски Динамо дојде до „поднослив“ пораз од 2:6.
Иако фудбалерите на Реал Мадрид во средбата од 5-то коло од фудбалската Лига на шампионите на „Сантјаго Бернабеу“ за само 20 минути поведоа со 4:0, на крајот загрепски Динамо дојде до „поднослив“ пораз од 2:6.Реал иако го започна мечот без шестмина стандардни првотимци (Касиљас, Карваљо, Пепе, Марсело, Роналдо и Ди Мариа), поведе уште во 85-та секунда преку Карим Бензема, во 6-та веќе беше 2:0 за што се погрижи Хозе Каљехон, во 9-та во листата на стрелците се запиша аргентинскиот репрезентативец Гонзало Игуаин а во 20-минута стрелец беше Месут Озил. До 6:0 мадридските „кралеви“ дојдоа со вторите голови вечерва на Каљехон во 49 и на Бензема во 66 минута, што беше сосема доволно за четата на Жозе Мурињо да потврди дека годинава целата екипа игра во одлична голгетерска форма. Динамо, кој досега во Лигата на шампионите немаше постигнато погодок, првите голови ги постигна токму против еден од најголемите фаворити за освојување на годинешнава титула во 81 минута преку Фатос Бечирај и во 89-та преку Иван Томечак. Во вториoт натпревар од Групата Д, Лион и Ајакс одиграа без голови. На табелата во групата води Реал со максимални 15 бодови, Ајакс има осум, Лион – пет а Динамо е без бодови со гол-разлика од 2:15. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Црвена звезда го продаде најдобриот стрелец

Најдобриот стрелец на Црвена звезда во минатата сезона, Шериф Ендиај, кариерата ќе ја продолжи во Турција. Преодниот рок во оваа земја трае до полноќ.
Црвена звезда го продаде напаѓачот од Сенегал в Самсунспор. Според српските медиуми, спрскиот шампион од овој трансфер заработи шет милиони евра.
Во текот на денот, Ендиај ќе замине за Турција каде што, по медицинските прегледи, ќе потпише четиригодишен договор со новиот клуб. Тој се враќа во Турција, бидејќи во Црвенз звезда дојде од Адана, каде што играше две сезони.
Во дресот на Црвена Звезда, тој постигна 40 гола и запиша 12 асистенции на 89 натпревари. Освои две двојни круни и беше најдобар стрелец на првенството минатата сезона.
Спорт
Очоа ќе брани за АЕЛ Лимасол

Гиљермо Очоа има сериозни планови да настапи на Светското првенство во 2026 година.
Искусниот мексикански голман потпиша за АЕЛ од Лимасол и ќе биде во натпреварувачка форма пред Светското првенство следната година.
Очоа дебитираше за Мексико пред точно 20 години. Препознатлив е по своите наверојатни партии на најголемото фудбалско натпреварување, а сега доаѓа на Кипар, за прв пат во кариерата.
Очоа претходно го носеше дресот на Клуб Америка, Ажаксио, Малага, Гранада, Салернитана.
Забележа над 150 настапи за мексиканската репрезентација, а учествуваше и на Светските првенства во 2006, 2010, 2014, 2018 и 2022 година.
Foto/ ael.com.cy
Спорт
Слот зборуваше за Исак, но и за неуспешниот трансфер на Гуеи

Арне Слот одржа прес конференција пред натпреварот со Барнли во Премиер лигата. Видно располоѓен, Холанѓанецот одговараше на прашањата поврзани со Александер Исак и Марк Гуеи.
Слот е задоволен од фактот што Александар Исак се врати во Англија по репрезентативната пауза подготвен за игра. Швеѓанецот долго време не одиграл официјален натпревар, па затоа постоеше ризик од повреда.
Поради ова причина Слот го пофали селекторот на Шведска, Јон Дал Томасон:
„Шведскиот тренер заслужува огромен комплимент. Одигра два важни натпревари, а го имаше еден од најдобрите, ако не и најдобриот напаѓач на клупата, но знаеше дека ако Исак играше двапати по 90 минути, ќе се повреди и тоа би значело дека нема да биде на теренот неколку недели.“
"The Swedish manager Jon Dahl Tomasson deserves a big big big compliment" 👏
Arne Slot on if Alexander Isak is ready to make his Liverpool debut for Burnley, after playing with Sweden during the international break pic.twitter.com/XBlT795zjS
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 12, 2025
Слот зборуваше и за неуспешниот трансфер на Марк Гуеи во Ливерпул:
„Би било лудо ако негирам дека бевме блиску до неговиот трансфер. Такви работи се случуваат во фудбалот. Сакавме да го доведеме, се обидовме, но не успеавме.“
Ливерпул ќе го пречека Барнли во Премиер лигата во недела од 15:00 часот, а се очекува Исак да дебитира за клубот од „Енфилд“.
Фото/ Принтскрин