Свет
Тајфунот Нанмадол стигна до Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше илјадници лица, затвори училиштата и прекина дел од железничкиот сообраќај кога денеска тајфунот Нанмадол, најсилен после 2009 година поминуваа низ густо населениот јужен дел на островот.
Тајван евакуираше илјадници лица, затвори училиштата и прекина дел од железничкиот сообраќај кога денеска тајфунот Нанмадол, најсилен после 2009 година поминуваа низ густо населениот јужен дел на островот.Тајфунот, кој предизвика смрт на 13 лица на Филипините на крајот на минатата недела, изутрината стигна на источниот брег на Тајван.Нанмадол „е најсилен тајфун кој го погоди Тајван по Моракот“ во кој животот го загубија или исчезна 700 лица во 2009 година.Тајфунот се движеше кон северозападниот брег, со ветар кој достигна јачина од 137 километри на час. Од метеоролошката служба информираа дека изутрината тој се наоѓал 30 километри североисточно од вториот најголем град во Тајван, Каохсиунга.Властите евакуираа приближно 8.000 лица, информираат од Центарот за итни случаи./крај/хина/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.