Свет
Индиски адмирал загрижен поради јакнењето на кинеската морнарица
Командантот на индиската воена морнарица во понеделникот изјави дека јакнењето на кинеската воена морнарица е голема причина за загриженост имајќи ги предвид тензиите ви Јужното кинеско Море, пренесува AFP повикувајќи се на индиските медиуми.
„Тоа всушност ни претставува голема, голема причина за загриженост којашто постојано ја проценуваме и работиме на нашите опции и стратегии“, изјави адмиралот Д. К. Јоши за медиумите во индиската престолнина Њу Делхи, пренесе Press Trust of India.
„Осовременувањето е доста впечатливо“, изјавил адмиралот во врска со кинеската морнарица која во септември годинава во својот состав го воведе и првиот носач на авиони а мината седмица го изведе првото успешно слетување на него на борбен авион.
Индија е загрижена поради растечкото влијание на Кина во регионот на Индискиот Океан каде Пекинг планира да вложува во големи инфраструктурни проекти , вклучувајќи и пристаништа во Шри Ланка, Бангладеш и Мианмар.
Според извештајот на американскиот Пентагон од мај годинава, Кина вложува големи финансиски средства во напредна противвоздушна одбрана, подморници, противсателитско вооружување и проектили против бродови, и сé со што може да се искористи за да с попречи пристапот на соперниците во стратешките региони, како што е Јужното кинеско Море./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

