Спорт
Данска и Камерун го одиграа најдобриот меч на СП
Данска го совлада Камерун со 2:1 и ги задржа своите шанси да се пласираат во продолжението на мундијалот, додека нивниот вечерашен противник кој играчки не се посрамоти веќе резервираше повратна карта
Камерун и Данска го одиграа фудбалски најсодржајниот натпревар во досегашниот тек од Светското првенство во Јужна Африка. Ситуацијата во групата наложи и двете репрезентации да тргнат на победа, откако беа поразени во претходното коло против Холандија и Јапонија. Трите бода за двете екипи беа многу важни пред последните мечеви во кои Данска сепак во Јапонија има поповолен противник.Камерун играчки не разочара, имајќи предвид дека првиот меч вообичаено сите репрезентациите го играат променливо. Но факт е дека „африканските нескротени лавови“ немаа среќа особено во завршницата на акциите. Можеби нетрпеливоста меѓу постарите генерации од камерунската репрезентаија кои постојано го критикуваа Самуел Ето пред почетокот на Светското пренство предизвика нервоза во редовите на екипата во Јужна Африка, што се одрази во премиерниот меч против Јапонија што се покажа како решавачки за елиминација на досега најуспешната африканска репрезентација на светските фудбалски првенства. Знаејќи го тоа Камерунците уште во првата минута по проигрувањето на Ето и Екото се обидоа да го загризат голот на Данска, а Ето неколку минути подоцна бие од 22 метри во долниот десен агол, но данскиот голман Соренсен не киксира на млакиот шут. Само по две минути Полсен го вработува Ромедал кој беше еден од централните играчи вечерва на својот тим, кој сепак откако изби само пред камерунскиот гол не успеа да го надмудри противничкиот голман. А набрзо во 10. минута греши и данската одбрана откако Соренсен во грб му ја додаде топката на Полсен кому Вебу му ја украде на 20 метри од голот по што непречено го проигра Ето кој лесно го доведува Камерун во водство. По три минути Камерун преку Екото се обидува да го зголеми водството, но за малку е непрецизен. Следи напад на Данска по кој е изнуден само корнер, но веќе нејзината одбрана заигрува поцврсто и помирно што му овозможува на нападот се’ почесто да го загрозува противничкиот гол. Во овој период се играше со многу шутеви на двете страни. А во 33, минута повторно Ромедал е во центарот на вниманието откако влезе од десно во камерунскиот петерец и ја сврти кон Бендтнер кој со лизгачки старт ја втурна топката во небранетата мрежа. До крајот на полувремето Ромедал повторно му подготви одлична можност на Томасон, чиј шут беше во последен момент блокиран од Сонг, а веќе во следната минута во еден напад Камерун пропушта стоотстотна шанса, кога Ето ја погоди стативата а потоа Емана иако беше сосема сам биеше многу блиску крај голот на Соренсен. Вториот дел продолжи со исто темпо и се оправдува констатацијата дека го следевме најдобриот натпревар во досегашниот тек на Светското првенство. Камерун повторно од почетокот ја презема иницијативата и се редат изгледни прилики на Ето, Емана и Екото.Уште во 46 минута Ето избори корнер по десната страна а по корнерот со глава шутираше Мбиа но Соренсен беше на место, а три минути подоцна опасниот шут на Екото со лизигачки старт го спречува во последен момент Јенсен. Следните десет минути минуваат во наизменични опасни напади од двете страни на кои им недостига само прецизна завршница/ Клучен се покажа моментот во 61. минута кога камерунскиот напаѓач Вебо од десетина метри стрелаше право во Соренсен, а од брз против напад Бендтнер одлично го проигрува Ромедал по десната страна, а овој го измами Макоун и шутираше прецизно во спротивниот долен агол од голот на Сулејмани. Камерунците кои губење на мечот значеше и дефинитивно заминување од мундијалот, преземаа силен пресинг кон шеснаесетникот на Данска, која свесно се повлекува обидувајќи се со брзи контри да го реши мечот. Така, Јон Дал Томасон во 71. минута можеше да биде трагичар на мечот кога одличната топка од Ромендал само ја додаде до Сулејмани. До крајот на мечот, Камерунците тргнаа целосно во напад барајќи брзо израмнување но Ето, помогнат од Емана, Екото, Идризу, Макуон и Абубкар немаа среќа и присебност во завршницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Блажевски бронзен на ЕП до 21 година во таеквондо
Филип Блажевски од таеквондо клубот Бутел, вечерва во Приштина, оствари голем успех. Блажевски освои бронзен медал на Европското првенство до 21 година.
На патот до медалот, Блажевски, забележа три победи и пораз. Славеше со 2:0 над Манита Александру од Молдавија и Олександар Јефимов од Украина, односно со 2:1 го победи Ајман Бари од Франција.
Доживеа пораз од Хрватот Оскар Ковачиќ, што му беше довлно да го освои бронзениот медал.
Спорт
Се смирија Салах и Слот
Мохамед Салах се враќа во првиот тим на Ливерпул и ќе му биде на располагање на тренерот Арне Слот, утре против Брајтон.
Најдобриот стрелец на „Црвените“ во последните неколку години не патуваше во Милано, на дуелот со Интер во Лигата на шампионите, што беше индикација дека имало конфликт со тренерот. Инаку, претходно, Салах, го преседе на клупата натпреварот против Лидс во Премиер лигата.
Салах, по дуелот со Лидс, го изрази своето незадоволство од статусот што го има, со зборовите дека „клубот го фрлил под автобус“.
Играчот и тренерот одржаа состанок во доцна попладнево и исходот очигледно беше позитивен. Египќанецот се враќа, на прво место се ставени интересите на клубот.
Двете страни ќе продолжат со комуникацијата за време на Африканскиот куп на нации каде што Салах ќе ја претставува својата земја.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мексикаците ја потврдија замена за Агире по СП
Фудбалската репрезентација на Мексико, на СП, чии е ко-домаќин, заедно со САД и Канада, од клупата ќе ја предводи искусниот стратег, Хавиер Агире. Националниот сојуз објави дека тоа ќе биде последната работа на Агире, тој по Мундијалот ќе се пензионира.
Ова значи дека по Светското првенство, Мексико ќе добие нов селектор. „Собрероси“ по СП ќе ги преземе уште една легенда, поранешниот играч на Барселона, Рафа Маркез.
„По Светското првенство 2026, Маркез ќе ја заврши својата улога како асистент, а потоа ќе биде назначен за селектор на Мексико. Веќе имавме разговори со него и тоа е планот за следниот период. Во договорот на Маркез пишува дека по Светското првенство 2026, тој ќе стане селектор на репрезентацијата“, вели Иван Сисниега, претседател на Фудбалскиот сојуз на Мексико.
Маркез треба да биде селектор на мексиканската репрезентација до 2030 година.

