Контакт

Свет

Ќе му се замрзне имотот на Иснифарис Џемаили?

Објавено пред

Забрана за продажба на имотот на тетовецот Иснифарис Џемаили, кој од државата доби отштета од 727.000 евра за наводно гранатирано бачило, од скопскиот Основен суд 1 побарала јавната правобранителка Зоја Лега-Станоевска.

dobivaj vesti na viber

ПО БАРАЊЕ НА ЗОЈА ЛЕГА-СТАНОЕВСКА

Забрана за продажба на имотот на тетовецот Иснифарис Џемаили, кој од државата доби отштета од 727.000 евра за наводно гранатирано бачило, од скопскиот Основен суд 1 побарала јавната правобранителка Зоја Лега-Станоевска. Таа, кога го доставувала барањето за повторување на постапката за случајот „Бачило“, побарала од судот да му го попише имотот на Џемаили, за тој да не може да го продава додека трае постапката.

– За да се случи тоа, судот треба да определи привремена мерка против него. Доколку судот одлучи да ја издаде, ќе се попише сиот имот што е заведен на името на Џемаили во катастарот и тој нема да смее да го продава – велат во судот.

Од она што и е познато на јавноста, Џемаили поседува две бачила и штала, џип, два автомобили, стан во Скопје, куќа во Старата чаршија и пет дуќани. Тој, според нашите извори, е многу близок и со луѓе во катастарот и во одделението за урбанизам во општината Центар, каде што без проблем му се извршуваат сопственичките трансакции. За две до три недели судијката Снежана Попчевска ќе одлучи дали новите докази на јавниот обвинител Александар Прчевски се доволни и релевантни за постапката да почне отпочеток. Тогаш ќе биде закажано рочиште за повторување на постапката.

Сите одговорности што ги најавуваат надлежните засега тапкаат во место и се вртат во кругот РСС – Врховен суд – обвинителство – Влада. За одговорноста на Зоја Лега во случајот „Бачило“, од Владата велат дека предметот се враќа отпочеток, па ќе чекаат да ги видат резултатите.

– Се прави ревизија на целиот случај. Ќе одговара секој што има и минимална одговорност. Да видиме што ќе излезе од истрагата. Владата стои на ставот дека случајот мора да се истера до крај – вели Сашо Чолаковски, портпарол на Владата.

Државната комисија за спречување на корупцијата веќе се изјасни дека одговорноста на Лега не е никако поврзана со предистражната постапка што ја води обвинителот Прчевски. Засега, во круг се врти и прашањето за одговорноста на судијката Попчевска. Од РСС велат дека ќе го чекаат мислењето од Врховниот суд, па потоа ќе одлучат дали ќе поднесат предлог за разрешување на судијката. Од судот, пак, веќе се изјаснија дека нема да поднесат мислење додека не одговараат и другите инволвирани страни – обвинителството, правобранителството, апелациските судии и полицаецот Душан Стојанов што ја составил службената белешка. Судијките од Апелацискиот суд што ја потврдиле меѓупресудата за „Бачило“ сега се префрлени на други функции. Така, Вера Маркова станала уставен судија, Виолета Муратовска врховен, а Зуица Наумова се уште работи во скопскиот Апелациски суд. Никој освен Врховниот суд досега не го покрена прашањето за нивната одговорност во постапката. За кривичната одговорност на инволвираните страни во случајот кабинетот на обвинителот Прчевски се уште молчи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Австралија ќе ја признае палестинската држава

Објавено пред

Австралија планира многу наскоро да признае палестинска држава, откако Франција, Велика Британија и Канада веќе ја објавија својата намера да го сторат тоа, објави „Сиднеј морнинг хералд“.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Ентони Албанез би можел да го потпише признавањето во рок од неколку дена од денешниот редовен состанок на кабинетот, објави „Сиднеј морнинг хералд“, повикувајќи се на неименувани извори.

Канцеларијата на премиерот Албанез не одговори на барањето за коментар.

Франција и Канада минатиот месец соопштија дека планираат да признаат палестинска држава, додека Велика Британија изјави дека ќе го стори истото доколку Израел не ја реши хуманитарната криза на палестинските територии и не постигне прекин на огнот.

Израел ги осуди одлуките на земјите да поддржат палестинска држава, велејќи дека овој потег ќе го награди Хамас, кој владее со Газа.

Нетанјаху вчера им изјави на новинарите дека мнозинството израелски граѓани се против формирањето палестинска држава бидејќи веруваат дека тоа ќе донесе војна, а не мир.

Албанез повика на решение со две држави, а неговата влада од левиот центар го поддржува правото на Израел да постои во безбедни граници и правото на Палестинците на сопствена држава.

„Реков дека е прашање кога, а не дали“, им рече Албанез на новинарите во Нов Зеланд во саботата за ставот на неговата влада за палестинска држава.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Израелската армија: Убивме новинар на Ал Џезира

Објавено пред

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на Ал Џезира, Анас Ал Шариф (28), во напад врз градот Газа, обвинувајќи го дека раководел со ќелија на Хамас.

dobivaj vesti na viber

„Анас Ал Шариф служел како водач на терористичка ќелија во рамките на терористичката организација Хамас и бил одговорен за ракетни напади врз израелски цивили и војници на ИДФ“, соопшти вчера израелската војска.

Ал Џезира објави дека новинарите биле убиени во она што се чини дека е насочен израелски напад врз нивниот шатор пред болницата Ал-Шифа. Дописникот на Ал Џезира, Мохамед Крејкех, и снимателите Ибрахим Захер и Мохамед Нуфал, исто така беа убиени во нападот.

Израелската војска уби повеќе од 200 новинари и медиумски работници од почетокот на бомбардирањето, вклучувајќи неколку новинари на Ал Џезира и нивни роднини.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Објавено пред

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од високите температури и силните ветрови, објавија властите.

dobivaj vesti na viber

Околу 400 луѓе беа раселени во и околу градот Каруседо, а уште 700 од неколку градови во близина на местото Лас Медулас, древен римски рудник за злато познат по своите спектакуларни црвени карпи и место на светското наследство на УНЕСКО.

Според шефот на регионалната влада, Алфонсо Мануека, неколку од овие пожари се предизвикани од криминални активности. „Ќе бидеме немилосрдни против сторителите на овие напади врз животот и безбедноста на луѓето, како и врз нашето историско и природно наследство“, напиша тој на Икс.

Шумски пожари ги погодија и регионите Галиција (северозапад) и Навара (север). Шпанија е на удар на топлотен бран кој влегува во својата втора недела, со температури кои достигнуваат речиси 40°C во многу региони, а се очекува топлотниот бран да трае најмалку до четврток. Цивилната заштита издаде предупредување за шумски пожари низ целата земја, со висок до екстремен ризик.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија2 часа

Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија14 часа

Четворица пациенти со тешки телесни повреди се примени на хируршките клиники во Скопје

Четворица пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во...

Македонија15 часа

ДСЗИ ќе врши вонреден надзор откако пациентка на 30 години почина во болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка...

Топ15 часа

Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри...

Топ16 часа

Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила...

Македонија17 часа

Војниците во касарната „Илинден“ оддадоа почит за хероите загинати кај Љуботенски бачила

Во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување венци и цвеќе, највисоките државни претставници оддадоа почит на хероите кои го загубија...

Македонија18 часа

На 12 и на 14 август ќе биде полагањето на двата екстерни испита од државната матура

Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не...

Македонија21 час

Храбрите и неуморни пожарникари изгаснаа 21 пожар, активен е само уште еден

Центарот за управување со кризи информира дека до 9 часот наутро, регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор. Од...

Македонија24 часа

Денес се навршуваат 24 години од загинувањето на бранителите кои нагазнаа на мина кај Љуботенски бачила

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав...

Топ2 дена

Пијан скопјанец преминал на спротивна лента кај Петровец, удрил во автомобил- повредени се две бебиња

Против 57-годишен жител на селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во...

Македонија2 дена

МВР се огласи по случајот со началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола,...

Македонија2 дена

Сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора: Здравство ги презема нејзините надлежности

Поради сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора, Министерството за здравство ги презема нејзините надлежности, изјави министерот...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е...

Македонија2 дена

(Видео) Началник бара Итната помош на носилка да однесе директорка на информативен разговор во станица

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа началник во домот на директорка на училиште во Демир Хисар...

Свет2 дена

Зеленски остро им одговори на Трамп и Путин: Украинците нема да му ја дадат својата земја на окупаторот

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро ја отфрли секоја можност за територијални отстапки во замена за мир, нагласувајќи дека суверенитетот на...

Македонија2 дена

Пронајдени неексплодирани гранати од Првата светска војна во близина на ГП Меџитлија и во Старо Градско

Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираа две интервенции за отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) останати...

Свет2 дена

„Волстрит џурнал“ го објави планот за мир на Путин

Рускиот претседател, Владимир Путин, наводно му презентирал сеопфатен предлог за прекин на огнот на американскиот претставник Стив Виткоф, нудејќи прекин...

Свет2 дена

Путин и Трамп ќе се сретнат во Алјаска

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth дека долгоочекуваната средба со неговиот руски колега, Владимир Путин, ќе...

Свет2 дена

Маск: Вештачката интелигенција ќе ги замени сите работни места, дури и моето

Илон Маск, извршен директор на „Тесла“ и еден од најбогатите луѓе во светот, издаде остро предупредување до секој што е...