Свет
Медведев ја користи тактиката на Обама

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денес ги повика САД за унапредување на процесот на стратегиско нуклеарно разоружување
„Мораме стимулативно да се справиме со лимитирањето и редукцијата на стратегиските офанзивни потенцијали, и носачите и нуклеарните глави“, вели Медведев во интервју за рускиот Канал 1 кое ќе се емитува во недела.„Денес имаме шанса да напреднеме во тој процес. Ќе се справиме со ова. Исто така ги повикувам нашите американски партнери да го направат истото“, рекол тој.Изјавите на Медведев доаѓаат веднаш по веста дека неговиот американски колега ја добива годинешната Нобелова награда за мир. Норвешкиот комитет за Нобелова награда баш како главна причина за доделувањето ја споменува визијата на Обама за „свет без нуклеарно оружје“ која „силно го стимулира разоружувањето и преговорите со контрола на оружје“.Медведев и нобеловецот Обама остварија јулска средба во Москва на која беше разгледано завршувањето на договорот START-1. Меѓу другото, двајцата лидери се договорија да го намалат нивниот нуклеарен арсенал на 1.500 до 1.675 операционални боеви глави,а бројот на носачите да достигне до 1.000.Спогодбата START-1 ги обврзува Русија и САД да ги редуцираат нуклеарките до 6.000 и нивните носачи до 1.600 на држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.