Македонија
„Тигарот“ се заканил на сведок : Бегај мали оти и тебе ќе те снајде истото
Беше сослушано момче кое видело сè. Сведокот му рекол на Спасов :”Немате право да тепате кого ќе стигнете”, на што сега обвинетиот му одговорил : ”Бегај мали оти и тебе ќе те снајде истото”.
Сведоци на смртта на Мартин Нешкоски кој на денот на изборите 5 јуни годинава почина на скопскиот плоштад како последица од крвничко тепање од полицискиот специјалец Игор Спасов, денеска во судница открија нови детали. Беа сослушани тројца сведоци, од нив двајца покажаа кон обвинетиот Спасов дека се бркал со Нешкоски и дека го тепал. Беше сослушано момче кое видело сè. “Го фати детето го крена и го тресна од земја”, изјави сведокот. Тој појасни дека го видел Спасов како трча кон Нешкоски и потоа со тупаници и клоци го тепа. Не беше сигурен за изгледот на Спасов бидејки кога бил настанот обвинетиот немал брада и бил подебел. Судот му сугерира на Спасов да ја избричи брадата за да не се бунат сведоците. Потоа сведокот кажа дека кога го видел крвничкото тепање се стрчал кон Нешкоски да помогне и се скарал со Спасов. Сведокот му рекол на Спасов :”Немате право да тепате кого ќе стигнете”, на што сега обвинетиот му одговорил : ”Бегај мали оти и тебе ќе те снајде истото”. Беше сослушан и полицаец кој ја видел кавгата во близина на бината меѓу Спасов и Нешкоски. Спасов го пријавил момчето кај полицајците дека Нешкоски сака да се качи на бината и да го нападне премиерот, по што полицаецот го опоменал и се свртел и заминал. По неколку минути чул како група граѓани извикуваат “полиција” и отишол да види што се случува. Тогаш го видел Мартин легнат во бесознание и повикал Брза помош. Докторите, според сведокот, констатирале дека момчето е мртво најверојатно од предозираност бидејки мирисало на алкохол. Полицаецот потврди дека и Спасов бил на местото каде било телото на момчето, но и дополни дека никого не легитимирал ниту му зел изјава бидејќи сметал дека момчето не е починато од насилство. Не видел никакви повреди на лицето на Мартин, а на Спасов му поверувал дека е од обезбедувањето на премиерот бидејќи бил со кратка коса и набилдан. Третиот сведок ништо не видел, ниту чул. Само разбрал дека се случил инцидент. Судењето продолжува в понеделник со сослушување на нови сведоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Не сакаат опозиција во министерствата за да не се види криминалот и корупцијата“, вели Димитријевиќ
Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ сака укинување на техничката влада за да ја скрие корупцијата и криминалот во институциите, рече генералниор секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес конференција.
„Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија“, истакна Димитријевиќ.
Тој нагласи дека антикорупцискиот тим на СДСМ веќе изнесе дел од скандалите, но дека вистинската состојба е многу посериозна.
„Антикорупцискиот тим на СДСМ изнесе само дел од работите и скандалите, можете само да замислите што сè се случува таму. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерствата. Тоа е главниот проблем“, рече Димитријевиќ.
Како пример тој го посочи скандалот со европските средства.
„Скандалот со ИПАРД 3 видовте, има и уапсен директор од ВМРО заради корупција и злоупотреба на европски пари. Можете да замислите што сè се случува во Министерството за земјоделство. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерството. Затоа не сакаат техничка влада“, посочи Димитријевиќ.
Димитријевиќ потсети и на сериозни финансиски злоупотреби, како 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 9 милиони евра тендери за трета и 1,2 милиони евра тендери во Пошта.
„Актуелната власт на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели. Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функционери, се партизира и се злоупотребува полицијата. Се носат резолуции со коишто практично се укинува слободата на говорот на опозицијата. Заклучокот е едноставен – не се созреани условите за укинување на техничката влада поради криминалната власт. Техничката влада мора да остане. Ако ја укинат техничката влада, ќе ја убијат и онаа малку шанса што постои за фер избори. Тоа не смееме да им го дозволиме. Заедно ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните“, рече Димитријевиќ на денешната прес конференција.
Македонија
Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок
Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур е на првото место, додека Јапонија и Јужна Кореја се изедначени на второто место. Индексот ги рангира пасошите според бројот на дестинации до кои нивните носители можат да пристапат без претходно добивање виза, пишува CNN.
Носителите на пасоши во Сингапур имаат пристап без виза до 192 од 227 дестинации следени од индексот, додека јапонските и јужнокорејските пасоши дозволуваат влез до 188 дестинации. Следат низа европски земји: Данска, Луксембург, Шпанија, Шведска и Швајцарија го делат третото место со пристап до 186 дестинации.
Четвртото место, со резултат од 185 дестинации, го заземаат десет земји, вклучувајќи ги Австрија, Белгија, Финска, Франција, Германија и Италија. Хрватска е на шестото место, а нејзините граѓани можат да патуваат во 183 земји без виза. Таа ја дели позицијата со Чешка, Естонија, Малта, Нов Зеланд и Полска.
Македонија е рангирана на 38 место со можност за влез без виза во 128 држави.


Од друга страна Обединетите Арапски Емирати го постигнаа најзначајниот напредок во 20-годишната историја на индексот, додавајќи 149 дестинации без виза од 2006 година и искачувајќи се за 57 места на ранг-листата. Спротивно на тоа, Велика Британија го забележа најголемиот пад од година во година, со пристап без виза до 182 дестинации, осум помалку отколку пред 12 месеци.
Соединетите Американски Држави се вратија на десеттото место со пристап до 179 земји, но тоа не одразува целосно закрепнување, бидејќи 37 земји се пред САД на ранг-листата. САД го изгубија пристапот без виза до седум дестинации во изминатата година, а паднаа за шест места во последните две децении, од четврто на десетто место, според индексот.
Експертите истакнуваат дека моќта на пасошот ги одразува пошироките геополитички трендови. „На крајот на краиштата, моќта на пасошот ја одразува политичката стабилност, дипломатскиот кредибилитет и способноста за обликување на меѓународните правила“, вели Миша Глени, новинарка и ректорка на Институтот за хуманистички науки во Виена, во извештајот.
„Како што трансатлантските односи стануваат затегнати, а домашната политика станува сè понестабилна, ерозијата на правата за мобилност за земји како САД и Велика Британија е помалку техничка аномалија, а повеќе сигнал за подлабока геополитичка рекалибрација.“
На дното на листата е Авганистан, чиј пасош дозволува влез во само 24 дестинации без виза. Сирија (26) и Ирак (29) се исто така близу до дното, покажувајќи јаз од дури 168 дестинации помеѓу највисоко и најниско рангираните пасоши.
„Во текот на изминатите 20 години, глобалната мобилност значително се прошири, но придобивките беа нерамномерно распределени“, вели Кристијан Х. Каелин, претседател на Henley & Partners.
„Денес, привилегијата за пасош игра одлучувачка улога во обликувањето на можностите, безбедноста и економското учество, при што зголемениот просечен пристап ја маскира реалноста дека придобивките од мобилноста се сè повеќе концентрирани меѓу економски најмоќните и политички најстабилните нации во светот.“
„Хенли и Партнерс“, фирмата зад индексот, им помага на поединците да стекнат двојно државјанство, а Американците сочинуваа 30% од нејзините клиенти во 2025 година. Сепак, неколку европски земји ги заострија барањата за државјанство.
Постојат и други индекси, како што е оној на „Артон Капитал“, кои користат различна методологија. Според нивното рангирање за 2026 година, Обединетите Арапски Емирати се на прво место со пристап до 179 дестинации, додека Сингапур и Шпанија се израмнети на второто место со 175 дестинации.
Најмоќните пасоши за 2026 година според индексот Хенли:
Сингапур (192 дестинации)
Јапонија, Јужна Кореја (188)
Данска, Луксембург, Шпанија, Шведска, Швајцарија (186)
Австрија, Белгија, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка (185)
Унгарија, Португалија, Словачка, Словенија, Обединети Арапски Емирати (184)
Хрватска, Чешка, Естонија, Малта, Нов Зеланд, Полска (183)
Австралија, Латвија, Лихтенштајн, Обединето Кралство (182)
Канада, Исланд, Литванија (181)
Малезија (180)
Соединети Американски Држави (179)
Македонија
(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата
Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата, во анти ЕУ кампањата за изолација на земјата, во планот за предвремени избори и мигранти за пари, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
Тој обвинува дека „тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување на предвремени избори кои веќе им се договорени, не сакаат реформи за ЕУ туку покритие за намерна изолација на земјата“.
„Им се брза, им ја откивме корупцијата, им ги разоткривме плановите за мигранти, нема пари во буџетот. Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија. Антикорупцискиот тим на СДСМ изнесе само дел од работите и скандалите, можете само да замислите што сè се случува таму. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерствата. Тоа е главниот проблем. Скандалот со ИПАРД 3 видовте, има и уапсен директор од ВМРО заради корупција и злоупотреба на европски пари. Можете да замислите што сè се случува во Министерството за земјоделство. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерството. Затоа не сакаат техничка влада“, вели Димитријевиќ.
Тој додава дека „злоупотребата на полицијата после целосната партизација е уште еден инструмент за притисок, сила, закани и уцени но и за заштита на криминалци“.
„Покрај оние 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 9 милиони евра тендери за трета, 1,2 милиони евра тендри во Пошта може само да замислите што се прават. Не сакаат да има техничка влада – за опозицијата да не влезе и да не види што сè правеле“, рече Димитријевиќ.
Според него, техничката влада мора да остане затоа што таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори.
„Актуелната власт на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели. Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функцонери, се партизира и се злоупотребува полицијата. Се носат резолуции со кои што практично се укинува слободата на говорот на опозицијата“, рече Димитријевиќ и истакна дека СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните.

