Свет
Ја заробил ќерката и добиле 7 деца

Жител на рибарско село во Бразил, 12 години ја држел во заробеништво својата сега 28-годиншна ќерка, која постојано ја силувал, а таа му родила седум деца, објавила бразилската полиција
Хозе Агустино Переира е обвинет и за злоставување на едно од девојчињата, кое го добил со ќерката. Според полицијата, Хозе Агостино Переира 54, ја држел својата ќерка во колиба, во џунгла на североисток на Бразил, а до таму се стигнувало само со чамец.Децата родени во таа инцестиозна врска се неухранети и едвај знаат да комуницираат, вели полицијата. Кога ги пронашле, немале ни облека на себе, пренесуваат бразилските медиуми. Злоставувањето започнало во 1998 година, кога Переира го напуштила сопругата, вели полицискиот инспектор Хаир Лима де Паива. Переира се наоѓа в затвор во Пињеиро, но против него се уште не е подигната тужба, затоа што според бразилските закони, тоа може да се направи по завршување на истрагата, јавува АФП. Ќерката и децата, Бразилецот ги држел во потполна изолација, а децата не биле ни пријавени, па не се знае на која возраст се. Се претпоставува дека четирите девојчиња и трите момчиња се стари меѓу два месеци и 12 години. „Ниедно од нив не смеело да ја напушти куќата. Не знаат да читаат и едвај комуницираат меѓу себе“, вели инспекторот. „На сите им се заканувал со смрт ако се обидат да избегаат или ако ја раскажат некому својата ситуација“. Полицијата почнала да го следи Переира по високите сметки на мобилен, а изолираната колиба ја набљудувале со денови. Полицијата вели дека кога го уапсиле, признал се’. Ќерката и децата ги презела социјалната служба и се под заштита на владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателскa земји“

Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“, постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.
Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји кои „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Фото: принтскрин
Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Подготвени сме за секакво сценарио за време на посетата на Трамп, објави британската полиција

Британската полиција објави дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела.
– Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициска и безбедносна операција што ги зема предвид речиси сите можни сценарија што би можеле да се случат – изјави помошникот на главниот комесар Крисјан Бант од британската полиција.
Бант изјави дека ќе бидат присутни значајни, многу видливи полициски сили, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.
Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализираните полицајци ќе бидат подготвени да се справат со секаков протест што може да се случи.
Британскиот крал Чарлс ќе го пречека Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета во четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.
Фото: принтскрин