Македонија
Осуден без да биде повикан на суд

Здружението на граѓани Матица на иселениците основано од Џо Петрески добило судски процес против Александар Ѓорѓиев за клевета. Интригантно е што пресудата е донесена точно пред две години, на 6 март 2007 г., и досега не била објавена, а прогласениот за виновен никогаш не добил судска покана.
Во Матица на иселениците беше прочитана пресуда донесена од Основен суд Скопје 1 Скопје донесена 6 март 2007 г.. Матицата која ја претставува Иван Џо Петрески го тужела Александар Ѓорѓиев, дека своевремено како портпарол на ВМРО-Народна партија сторил кривично дело клевета, изнесувајќи пред новинарите документација според која постојат сомневања дека станува збор за нелегално пренесување на имотот што порано беше во владение на Агенцијата за иселеници при Владата на Република Македонија. За пренесување на истит информации, Матицата и Петрески тужат и неколку новинари.Во средата Петрески ја обвини и се’ уште актуелната градоначалничка на скопската Општина Центар, за наводна злоупотреба на службената должност при издавање дозвола за доградба и ннадградба на зградата на Матица на иселениците на Македонија. Уште вчера www.forum..com.mk контактираше со, како што беше најавено осудениот Александар Ѓорѓиев, кој одговори дека првпат слуша дека од Петрески и од Матицата била поднесена тужба за келвета, затоа што досега никогаш не добил покана за ниедно рочиште. Ѓорѓев сакаше да почека да види за што всушност станува збор, па по јавното изнесување на пресудата одговори дека под целосна материјална и кривична одговорност тврди дека нема добиено никакво известување од македонските судови дека против негосе води кривична постапка. „Немам добиено никаква тужба или обвинение, немам добиено никаква покана за оддржување судско рочиште или главен претсрес, ниту, пак, имам добиено некаква судска пресуда, односно немам добиено ниту еден правен акт преку кој ќе увидам дека сум во некаков судски спор со г-дин Иван Џо Петрески.“, вели Ѓорѓиев. Ѓорѓиев вели и дека од она што како материјал се содржи во изнесеното од Петрески може да препознае дека не станува збор за него, а единствено што е точно е дека тој бил порптарол на ВМРО-НП. „Тоа ми создава чувство дека или се работи за осуда на друго лице, или дека се работи за грешка на судот, или дека се работи за груба конструкција во сталинистички стил, со цел да се наруши мојот углед и интегритет.“, реагира Александар Ѓорѓиев. Ѓорѓиев најави дека ќе ги преземе сите процесни дејствија, сите правни мерки, активности и инструменти, со кои сака да ја открие вистината и да го заштити својот углед, а оние кои се обидуваат да ја манипулираат јавноста да ги сносат консеквенците за своите постапки. За дел од јавноста се’ уште останува проблематичен начинот на кој Матица на иселеници ја добива сопственоста врз зградата која ја користеше валдината Агенција за иселеништво, што се случи во времето на валдеење на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.