Свет
Французи ја бараат парцелата на „Делта"
За парцелата кај „Партизан 4" во Скопје веќе постои готов проект Француско-македонската канцеларија за економски развој, која стои зад проектот за изградба евромикроград „Александрија" во Скопје, вчера побара да се поништи контроверзната продажба на земјиштето на белградска „Делта холдинг".
За парцелата кај „Партизан 4" во Скопје веќе постои готов проект
Француско-македонската канцеларија за економски развој, која стои зад проектот за изградба евромикроград „Александрија" во Скопје, вчера побара да се поништи контроверзната продажба на земјиштето на белградска „Делта холдинг". Станува збор за земјиште во скопската населба Карпош, во близина на спортската сала „Партизан 4", за која француско-македонската фирма пред околу половина година презентираше идеен проект вреден 75 милиони евра, кој треба да отвори 3.500 вработувања. Парцелата на која со непосредна спогодба Владата ч ја одобри на „Делта" за изградба на супермаркет е дел од локацијата на која претендираат носителите на „Александрија".
„Се надевам дека во Македонија има чесни и мудри луѓе со здрава совест, кои ч мислат добро на Македонија, како што ч посакувам и јас", вели Жак Мопа, претседателот на Француско-македонската канцеларија и идеен творец на „Александрија". Тој вчера на прес-конференција појасни дека на 23 мај веќе имало средба меѓу инвеститорите и премиерот Владо Бучковски, на која премиерот бил информиран дека француската групација „Буиг" комплетно финансиски ќе го покрие проектот, а долгорочно има во план да воспостави и центар за развој на Балканот.
Проектот „Александрија" се состои од повеќе содржини, меѓу кои и изградба на супермаркет, кино, театри, музеи, црква, хотел, студенски домови и апартмани, социјални станови, како и игралишта, плоштади, шеталиште, зелена зона.
Според Мопа, проектот „Александрија", покрај првичните 75 милиони евра, ќе донесе и дополнителен ефект од 46 милиони евра. Коментирајќи ја цената од околу 16 евра за квадратен метар, колку што ќе треба да плати „Делта", Мопа изјави дека тоа е одлична зделка за „Делта", но не и за Македонија. Тој, сепак, не ја исклучува можноста и „Делта" да стане нивен партнер за проектот „Александрија", како и учество на тендер за продажба на земјиштето доколку се одбере таква опција во иднина. (М.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

