Македонија
До докторска титула со полагање на испити
Докторските студии од септември ќе бидат организирани како трет циклус на студии, ќе чинат речиси двојно повеќе од сега, а за звање доктор ќе мора да се полагаат испити.
Докторските студии од септември ќе бидат организирани како трет циклус на студии, ќе чинат речиси двојно повеќе од сега, а за звање доктор ќе мора да се полагаат испити.
„За прв пат во Македонија започнуваат докторски студии со полагање испити, за разлика од досега кога докторски титули се добиваа само со изработка и одбрана на докторска дисертација“, рече денеска деканот на Правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски.
По измените на Законот за високо образование, правниот и филозофскиот факултет се првите два факултети кои денеска добија решенија за почеток на докторски студии кои се предвидени како трет циклус на студии кој ќе трае околу три години.
Како што кажа Давитковски цената на докторските студии ќе се движи од 4000 до 5300 евра во зависност од карактерот на студиите.
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров кој денеска им ги врачи решенијата на деканите повтори дека според новите критериуми секој ментор ќе може да има само тројца студенти – докторанти и дека спред точно одредени критериуми утврдени со Законот за високо образование се знае кој може да биде ментор.
Тој додаде дека почнувајќи од 2015 година е предвидено од студентите на докторските студии да се бираат и соработниците на факултетите.
Михаил Петковски, претседателот на Одборот за акредитација и евалуација на образованието рече дека најмногу акредитации има од Универзитетот Кирил и Методиј, додека другите државни универзитети се помалку застапени а од приватните се уште немаат поднесено за акредитации за докторски студии./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мајка на загинато дете од „Пулс“: 63 сенки ќе ги следат обвинетите засекогаш, контрадикторно е што никој не се изјасни за виновен
Пред судот денес зборуваше Јулија Златкова, мајка на загинатиот Томас Златков, која реагираше на однесувањето на обвинетите на минатото рочиште.
„Шеесет и три убиени деца. 63 уништени иднини на децата и нивните семејства. Контрадикторно беше што на минатото рочиште никој од обвинетите не се изјасни за виновен. Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто се наоѓаат во судницата“, изјави Златкова.
Таа додаде дека ниту еден од обвинетите не покажал каење: „Никој од нив немаше ни грам совест и човечност да ја признае својата вина. Ниту монструмот, ни син му, не покажа човечност.“
Златкова порача дека родителите очекуваат правда за сите загинати деца: „63 не е бројка, ниту статистика. Тоа се млади убиени деца и 63 сенки ќе ги следат засекогаш“, рече.
Изрази надеж дека семејствата ќе ја добијат правдата, оти, како што рече, овие деца заслужуваат правда.
Македонија
Адем Чучуљ ја презеде претседателската функција на Антикорупциска
Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Тој најави дека заедно со неговиот тим ќе бара интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции.

„За мене претставува, пред сѐ, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав како професионалец. Истовремено е голема одговорност, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува и Комисијата и државата на полето на борбата против корупцијата. Во таа насока како претседател на ДКСК ќе се залагам за транспарентна работа на институцијата, но и како тим ќе бараме одговорност и транспарентност од сите институции“, изјави Чучуљ.
Македонија
Обвинетите за „Пулс“ утрово во „Идризoво“ ги пречекаа фотографии од сите загинати
Металните барикади пред влезот во судницата во „Идризово“, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите, утрово се прекриени со транспарент на кој ги има фотографиите од сите жртви во трагедијата во „Пулс“.
Покрај него мораа да минат сите обвинети.
Со истиот транспарент родителите и роднините на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ во саботата маршираа во Кочани.

