Свет
Скандалите го намалија рејтингот на Берлускони
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони, ја губи популарноста.
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони, ја губи популарноста.
Тоа го покажуваат и анкетите на јавното мислење во пресрет на регионалните избори, што се одржуваат утре и задутре во 13 од 20 региони на Италија.
Рејтингот на контроверзниот Берлускони, значително опаѓа поради скандалите, неколкуте истраги за корупција и бирократските пропусти на неговата коалиција во очи на гласањето.
Соочен со падот на рејтингот и можноста да доживее понижување на изборите, Берлускони напаѓа кого стигне, пишуваат медиумите.
Последен пат премиерот на Италија ја навредуваше политичарката на левицата Мерцедес Брешо, коментирајќи го нејзиниот физички изглед.
Берлускони не го загрижува само левицата, туку и коалициониот партнер Лигата за север, што може да добие преку 10 отсто од гласовите во државата и да предизвика борба за власт во самата коалиција.
На Берлускони му се “заканува“ и политичкото интернет движење “Виолетов народ“ што може да одигра клучна улога на регионалните избори во симнувањето на премиерот од власт.
Движењето има 257.000 фанови, а аналитичарите сметаат дека и покрај скромниот почеток, треба да се имаат во предвид бројката од 257 илјади гласачи.
Загриженоста за третата по ред економија во еврозоната, која што се уште не заздраве од рецесијата, ќе има последици врз изборните резултати, особено на шансите на 73-годишниот конзервативен лидер, чиј трет мандат завршува во 2013 година./крај/блиц/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Свет
Неверојатна сцена во Лос Анџелес: пожарот запре токму пред вилата на Том Хенкс
Куќата на Том Хенкс во Лос Анџелес за чудо сè уште постои.
Имотот вреден 26 милиони долари, кој 68-годишниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон го купиле во 2010 година, за влакно избегна пожар во Лос Анџелес и остана недопрен. Огнената стихија буквално застанала пред нивниот двор.
Додека домот на Хенкс со четири спални соби и пет бањи изгледа недопрен, огромната вила покрај ридот над неговата куќа била уништена од пожарот, пишува „Пејџ сикс“. Том и Рита сѐ уште не се огласиле во јавноста за пожарот, но најверојатно морале да се евакуираат.
Чет Хенкс, синот на Том и Рита, претходно се огласи на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Населбата во која пораснав сега буквално гори до темел. Молете се за Палисадес“, напиша 34-годишникот на социјалните мрежи.
Свет
Густиот смог и загадувањето предизвикаа сообраќаен хаос во Њу Делхи
Густиот смог и исклучително лошиот квалитет на воздухот предизвикаа сообраќаен хаос во главниот град на Индија, Њу Делхи.
Видливоста во повеќе делови од градот беше намалена на нула во раните утрински часови, што предизвика застој во воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај.
Според извештаите, повеќе од 150 лета биле одложени, а десетици возови доцнеле поради лошите временски услови.
Ова е чест проблем во северна Индија во текот на зимата кога ниските температури помеѓу декември и јануари ги држат загадувачите блиску до земјата намалувајќи ја видливоста и го отежнуваат патувањето, а истовремено создаваат опасни услови за дишење.
Индексот на квалитетот на воздухот (AQI) во Делхи беше над 400 во неколку делови од градот, според државната веб-страница „Сафар“, што е повеќе од 25 пати над безбедносната граница пропишана од Светската здравствена организација (СЗО).
Властите во главниот град повторно воведоа мерки за контрола на загадувањето, вклучително и забрана за градежни работи и преминување на учење преку интернет.
Фотографиите и видеата од Делхи и околните градови покажуваат дебели слоеви магла што ги покрива патиштата, фармите и зградите.
Аеродромот во Делхи издаде предупредување до патниците за можни доцнења поради намалената видливост.
„Додека полетувањата и слетувањата на аеродромот во Делхи сè уште се во тек, летовите што не се во согласност со стандардите CAT III може да бидат погодени“, се вели во соопштението. CAT III е систем што им овозможува на авионите да слетаат во услови на намалена видливост.
Според веб-страницата за следење летови „Флајрадар 24“, полетувањата од аеродромот во Делхи доцнат повеќе од 20 минути.