Свет
Гадафи бара 777 билиони долари отштета за Африка
Либискиот претседател Моамер Гадафи планира да побара постојано место за африканскиот континент во Советот за безбедност
Либискиот претседател Моамер Гадафи планира да побара постојано место за африканскиот континент во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и 777 билиони долари отштета за колонијалното искористување.„Ќе му кажам на светот дека Африка заслужува 777 билиони долари компензација за годините на колонијализмот, ропството и убивањата“, им соопшти Гадафи на африканските лидери во Триполи, две недели пред неговото заминување на седницата на Советот за безбедност на (ОН) во Њујорк.Либискиот лидер истакна дека Африка заслужува постојано место во таа организација, без оглед дали истата ќе се реформира или не.„Странските сили намерно создадоа внатрешноафрикански проблеми, со цел африканските народи да не изградат континентално единство и да станат силни како Европа и Соединетите Американски Држави“, рече либискиот претседател.Гадафи, чија што земја е непостојана членка на Советот за безбедност до крајот на оваа година, најверојатно ќе учествува на седница на Советот на 24. септември, која што ќе биде посветена на нуклеарното разоружување. Со седницата ќе претседава американскиот претседател, Барак Обама./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Не сакал да го остави синот“: Татко и син со инвалидитет меѓу жртвите од пожарот во Лос Анџелес
Најмалку 10 лица загинаа во пожарите во Лос Анџелес, а се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголеми откако истражителите ќе успеат безбедно да пристапат до населбите.
Татко и син, двајцата со инвалидитет, загинаа во пожар во Алтадена, објави Вашингтон пост.
Хаџим Вајт, жителка на Арканзас, рече дека последен пат комуницирала со нејзиниот татко, Ентони Мичел, во средата наутро.
„Тој рече: „Душо, само да знаеш, има пожар и ќе мора да се евакуираме“. Потоа рече: „Морам да одам, има пожар во дворот“, раскажа Вајт.
In a heartbreaking incident linked to the ongoing wildfires in Southern California, a great-grandfather and his son tragically lost their lives while attempting to escape the flames.
The victims, 67-year-old Anthony Mitchell, a retired salesman and amputee, and his son Justin,… pic.twitter.com/dnsqXbgWul
— Dhruv (@dhruv2038) January 10, 2025
Мичел (67), пензиониран продавач кое се потпираше на инвалидска количка, живееше во Алтадена со неговиот син Џастин, млад човек во раните 20-ти години, кој боледуваше од церебрална парализа.
Вајт добила вест дека ниту нејзиниот татко ниту Џастин не успеале да се спасат од пламенот.
Властите го информирале семејството дека Мичел бил пронајден покрај креветот на неговиот син, што го навело семејството да верува дека тој се обидувал да го спаси Џастин.
„Тој не сакал да го остави синот. Не по секоја цена. Многу е тешко. Тоа беше како тон цигли да ми паднаа на градите“, рече Вајт.
Вајт го опишала нејзиниот татко како дарежлив човек кој ги обожавал своите четири деца, 11 внуци и 10 правнуци.
Свет
Шпигел: Шолц го блокираше испраќањето оружје во Украина во вредност од три милијарди евра
Германскиот канцелар, Олаф Шолц, го блокира планот за испраќање на пакет оружје од 3 милијарди евра во Украина, пишува „Дер Шпигел“.
Планот, откриен од Шпигел, го претставија министерката за надворешни работи Аналена Баербок од Зелените и министерот за одбрана Борис Писториус од Социјалдемократската партија на Шолц. Двајцата се обидоа да и снабдат на Украина клучни системи за оружје, вклучително и три дополнителни батерии за воздушна одбрана Ирис-Т, 10 хаубици и повеќе артилериска муниција.
Според извештајот, подготовката на пакетот помош започна веднаш по падот на коалициската влада во ноември, а Баербок и Писториус имаа намера да обезбедат парламентарно одобрение за финансирањето пред предвремените избори во февруари.
Нивните министерства го оправдаа барањето со наведување на влошената воена ситуација во Украина, засилена со сомнежите за континуираната американска поддршка по изборната победа на Доналд Трамп. Баербок и Писториус го поставија предлогот како клучен доказ за непоколебливата поддршка на Германија.
И покрај нивните напори, Шолц се спротивставил на планот, пишува „Шпигел“. Актуелниот канцелар, наводно, тврди дека постојните распределби на воена помош – 4 милијарди евра за 2025 година, заедно со средствата од заемот од 50 милијарди американски долари од Г7 финансиран од замрзнати руски средства – се доволни. Тој изрази загриженост за преземањето на големи финансиски обврски од страна на новата влада по изборите.
Важна улога играат и политичките пресметки. Гласините велат дека лидерот на СПД стравува дека ќе изгуби гласови со испраќање дополнително оружје среде изборна кампања.
Свет
Данската влада размислува за зголемување на военото присуство на Гренланд
Данската влада предложи купување на два нови брода за истражување на Арктикот и зголемување на бројот на патроли со санки за кучиња за да го зајакне своето воено присуство на Гренланд.
Покрај тоа, владата предложи надградба на аеродромот во Кангерлусуак, поранешна американска воена база во западен Гренланд, за да можат таму да бидат распоредени борбени авиони Ф35, пренесува Ројтерс.
Данска веќе одвои 400 милиони долари за зајакнување на активностите за надзор и разузнавање во Арктикот и северните делови на Атлантскиот Океан со помош на дронови со долг дострел.
Претходно оваа недела, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека САД сакаат да ја преземат контролата врз територијата на Гренланд, која е дел од Данска.
Гренландскиот премиер Муте Егеде, кој се залага за нејзина независност, рече дека Гренланд мора да остане обединет, а истовремено ги повика Гренландците да не паничат.
Данска има ограничени воени капацитети на Гренланд, кои во моментов вклучуваат четири бродови, авион за набљудување и 12 патроли со санки од кучиња.
Традицијата на користење на санки за кучиња на Гренланд датира од Втората светска војна, кога патролата беше специјализирана единица на Кралската данска морнарица.