Спорт
Симончели загина во Малезија
Италијанскиот мотоциклист Марко Симончели, загина во тешкиот судар на трката на големата награда на Малезија.
Италијанскиот мотоциклист Марко Симончели, загина во тешкиот судар на трката на големата награда на Малезија. Симончели во вториот круг од трката на патеката „Сепанг“ ја загуби контролата врз својот мотор во инцидентот во кој учествуваа тој со неговиот мотор „Хонда“, а потоа во него удрија возачите на „Јамаха“ Колин Едвардс и Хироши Аојама исто така од „Хонда“, а подоцна налета и на „Дукати“, Валентино Роси. Медицинските екипи брзо реагираа и Симончели веднаш беше префрлен во медицинскиот центар, но иако првите вести кажуваа дека тој бил свесен, првиот човек на Дорна, Кармело Еспелета потврди веднаш дека неговата состојба е многу сериозна. По пол час неизвесност беше соопштено дека 24-годишниот Симончели починал. Со смртта на Симончели мотоциклизмот загуби многу од својата привлечност бидејќи Италијанецот беше еден од најдобрите возачи, но и го пленеше вниманието на медиумите. Многумина го сметаа за вистински наследник на својот сонародник и неприкосновен владетел на мото пистите Валентино Роси, кој и самиот во повеќе наврати истакна дека би сакал неговиот пријател Симончели еден ден навистина тоа и да стане.Уште до своето деби во класата до 125 кубици во 2002 година, Симончели покажа дека мотоспортот треба да очекува многу од него, а веќе две години подоцна на „Хеерс“ и тоа по силен дожд дојде до својот прв триумф. По три сезони минати во најслабата класа, тој мина во класата до 250 кубици, и две години се мачеше да постигне забележителни резултати, за дури во 2008 година да го искаже целиот талент и да ја освои титулата. Следната година, титулата му избега за малку. Веднаш потоа премина во најсилната „кралската класа“, каде во првата сезона како член на „Сан Карло Ходна Гресини“ постигнуваше скромни резултати а шампионатот го заврши на осмо место. Но уште на почетокот од сезоната покажа дека на него треба да се смета, предизвикувајќи ги докажаните асови од „Репсол Хонда“ и „Јамаха“, а умееше и да се поигра и со шампионот Роси. Тој ја освои и првата пол позиција во Каталонија, а потоа и првпат се искачи на победничкиот подиум во Чешка. За најдобриот пласман да го оствари пред една седмица со второто место на Големата награда на Австрија. Смртта на Симончели е втора трагедија во авто-мото спортот последната седмица, откако минатиот викенд загина и поранешниот шампион на Индикар шампионатот, Ден Велдон.Симончели е првиот возач кој го загуби живото на патека од Мото Гран при шампионатот од минатогодишната Голема награда на Сан Марино, којга настрада Јапонецот Шоа Томизава./крај/анса/б92/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во Турција приведени 17 судии и претседател на фудбалски клуб
Откако минатата недела беше откриено дека голем број турски фудбалски судии биле вмешани во обложување на фудбалски натпревари, обвинителите побараа апсење на 21 лице, вклучувајќи 17 судии и неименуван претседател на клуб од премиер лигата.
Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул објави дека 17 судии се осомничени за занемарување на своите должности и манипулирање со резултатите од натпреварите, а претседателот на клуб од првата лига за местење резултати. Досега, 18 од 21 осомничени се приведени, објави новинската агенција Анадолу.
Истрагата на Турската фудбалска асоцијација откри дека 371 од 571 активни судии во турските професионални лиги имаат сметки за обложување, а дека 152 активно учествуваат во обложување.
Претседателот на Турската фудбалска асоцијација, Ибрахим Хачиосманоглу, го нарече ова морална криза во турскиот фудбал. Исто така, по откривањето на аферата, Турската фудбалска асоцијација веднаш суспендираше 149 фудбалски судии и нивните помошници.
Foto/ EPA
Спорт
Анчелоти: Го изгубивме интересот за Лигата на шампионите
Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал. Елитното натпреварување го освои со Милан и Реал Мадрид. Од минатото лето тој е селектор на фудбалската репрезентација на Бразил.
Во разговор со италијанските медиуми, тој беше доста остар кон челниците на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, смета дека проширувањето на Лигата на шампионите влијаело на недостатокот на квалитет во самото натпреварување.
„Гледајќи ја другата страна од светот, Лигата на шампионите секогаш ги има истите фаворити. Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн. Во овие први неколку кола видовме натпревари со големи маргини. Сензационалните резултати нè натераа да го изгубиме интересот“, рече Дон Карло.
Впечаток е дека Анчелоти смета дека европскиот фудбал се движи кон профитот, а не кон квалитетот.
„Оваа прва фаза беше продолжена за да се гледа поинтересен фудбал, но не е баш така, испадна поинаку. Мораме да го прифатиме тоа“, рече Анчелоти.
Спорт
Не оди без Харден и Ленард – ЛА Клиперс поразени во Феникс
Феникс Санс забележаа победа над ЛА Клиперс 115:112, во единствениот натпревар одигран изминатата ноќ во НБА лигата.
Клиперси добро се држеа во текот на целото прво полувреме, во кое се играше „кош за кош“, но нивната игра се распадна во третиот период.
Играчите на Феникс ја добија третата четвртина со 40:23 и со тоа повеќе или помалку го решија прашањето за победникот, бидејќи имаа +14 кога влегуваа во последната четвртина, а +22 не долго потоа.
Најдобар од победниците беше Девин Букер со 24 поени, шест скока и седум асистенции, а повратникот Џејлен Грин беше одличен со 29 поени.
На другата страна, најмногу се истакна хрватскиот центар Ивица Зубац со 23 поени и 11 скока. Кам Кристи постигна 17, а Џон Колинс 13 поени, а Богдан Богдановиќ 12 поени. За Клиперс не играа двајцата најдобри Харден и Ленард.

