Свет
Европскиот сателит GOCE направи целосна гравитациска мапа на Земјата
Европскиот научен сателит GOCE ја заврши работата над ултра прецизната карта на гравитационото поле на Земјата, објави денеска прес-службата на Европската вселенска агенција – ЕSА.
Европскиот научен сателит GOCE ја заврши работата над ултра прецизната карта на гравитационото поле на Земјата, објави денеска прес-службата на Европската вселенска агенција – ЕSА.Сателитот GOCE (Gravity Field и steady-state Ocean Circulation Explorer) беше лансиран во Вселената на 17-ти март 2009 г. Од септември истата година, сателитот се наоѓа на височина од 254,9 километри над површината на планетата – пониско од кој и да е друг сателит со кој се врши набљудување на Земјата. Неговата главна задача беше да ги идентификува гравитационите аномалии и да состави карта на гравитационото поле на Земјата со прецизност од еден до два сантиметри. Мисијата на сателитот била исполнета на 2-ти март.„GOCE е една од најиновативните мисии на ESA. Задоволство ми е да објавам дека нашата напорна работа и посветеност кон целта даде резултат. Сателитот ги собра податоците неопходни за да се мапира геоидот, со многу поголема прецизност и со повисока резолуција од која и да е друга карта што ја имавме досега“, изјави шефот на програмата за набљудување на Земјата при ESA, Фолкер Либиг.Геоид претставува геометриско тело, како одраз на потенцијалните сили на гравитацијата на Земјата. Точна процена на неговата појавност е важна, особено за мерење на колебливоста (променливоста) на нивоата на океаните, проучување на струите во нив, како и за системите за навигација.Како што е наведено во соопштението, невообичаено ниската активност на Сонцето во двете години од работата на сателитот GOCE овозможи тој да потроши помалку гориво од планираното. Зачуваното гориво и добрата состојба на сателитот ќе и овозможи на Европската вселенска агенција да ја продолжи својата работа до крајот на 2012 г. За тоа време, GOCE ќе ги уточнува своите модели.Во летото на 2010 г. поради грешка на он-борд компјутерот на сателитот, тој извесен период беше „изгубен“ и престана да емитува информации до Земјата. Враќањето во нормалното функционирање на сателитот се одвиваше до септември минатата година./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Ги намалуваме царините за Индија, таа престанува да купува руска нафта
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ги намалат царините за индиската стока, откако Индија се обврзала да престане да купува руска нафта и да го зголеми увозот на енергенси од САД, а можно и од Венецуела.
Во објава на мрежата „Тру соушал“, Трамп соопшти дека по разговор со индискиот премиер, Нарендра Моди, е постигнат трговски договор со кој реципрочната царина за Индија се намалува од 25 на 18 проценти. Според договорот, Индија ќе ги намали своите царини и нецарински бариери за американски производи на нула и ќе инвестира повеќе од 500 милијарди долари во американската енергетика, технологија и други сектори.
Трамп оцени дека запирањето на купувањето руска нафта од страна на Индија би придонело за завршување на војната во Украина.
Сепак, аналитичарите посочуваат дека овој чекор ќе биде тешко изводлив, бидејќи Индија и понатаму увезува околу 1,5 милиони барели руска нафта дневно. Како можна алтернатива се споменува венецуелската нафта, но нејзината инфраструктура е во лоша состојба и би биле потребни години и големи инвестиции за значително зголемување на производството.
Свет
Беспилотно летало со непознато потекло падна врз воена база во Полска
Беспилотно летало со непознато потекло се урна врз воена база во Пжасниш во северно-централна Полска на 28 јануари, објави денес полското радио Зет, повикувајќи се на извори, пишува „Ројтерс“.
Радио Зет, исто така, наведува дека полската воена полиција потврдила дека е започната истрага за инцидентот.
„Ројтерс“ не можеше веднаш да добие коментар од Воената полиција.
Регион
Со фантомка и оружје македонски државјанин ограбил пет кладилници и пошта во Србија, полицијата го уапси
Полицијата во Краљево уапсила 44-годишен маж од Македонија, под сомнение дека ограбил пет кладилници и пошта соопшти денеска локалната полициска управа, пренесе „Н1“.
Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека на територијата на Краљево влегувал во објекти на кладилници и пошти со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари.
Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и реплика на пиштол која, како што се сомнева, ја користел при извршувањето на кривичните дела.
Тој се товари за пет кривични дела разбојништво, одредено му е задржување до 48 часа и ќе биде приведен во Обвинителството, соопшти Полициската управа во Краљево.

