Свет
Путин ќе се сретне американскиот потпретседател Бајден на 10 март

Рускиот премиер Владимир Путин на 10-ти март ќе се сретне со американскиот заменик-претседател Џозеф Бајден, кој ќе пристигне во Москва на 9-ти март, потврдил за РИА Новости портпаролот на руската влада, Дмитриј Песков.
Рускиот премиер Владимир Путин на 10-ти март ќе се сретне со американскиот заменик-претседател Џозеф Бајден, кој ќе пристигне во Москва на 9-ти март, потврдил за РИА Новости портпаролот на руската влада, Дмитриј Песков.Можноста за таква средба, за агенцијата РИА Новости, ја потврдил и заменик-шефот на мисијата на САД во Москва, Ерик Рубин.„Да, може да се потврди, таква средба е планирана“, изјавил портпаролот Дмитриј Песков.Претходно, прес-службата на Кремљ објави дека на 9-ти март американскиот потпретседател Џозеф Бајден ќе се сретне со рускиот претседател Дмитриј Медведев.Заменик-шефот на мисијата на САД додал дека Бајден доаѓа на разговори во Москва за да се разгледа „исполнувањето на договорите од страна на претседателите на САД и Русија за време на последниот состанок“, како и изгледите за пристапување на Русија кон организацијата СТО, и други актуелни меѓународни прашања.Рубин изјавил дека на разговорите ќе бидат засегнати проблемите на Авганистан и Иран. Потпретседателот на САД има намера да зборува за „сегашната ситуација на Блискиот Исток“, но Рубин не прецизирал точно за кои земји Бајден има намера да зборува со руските партнери. Соговорникот на агенцијата додал и дека во сферата на односите меѓу Русија и САД оваа година „може да се очекува напредок во процесот на визното прашање“, без да уточни за што станува збор.„Во оваа насока активно се работи во рамките на билатералната претседателска комисија“, рекол Рубин./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Креаторите на „спутник в“ бараат извинување од ЕМА – „Можно е политичко мешање“

Креаторите на „спутник в“ бараат извинување од висок функционер Европската агенција за лекови затоа што ја спореди можноста за итно одобрување на таа вакцина со руски рулет.
На официјалниот профил на Твитер на „спутник в“ е објавено дека овие коментари на Криста Виртумер-Хохе отвораат сериозни прашања во врска со можно политичко мешање во процесот на тестирање на вакцините.
We demand a public apology from EMA’s Christa Wirthumer-Hoche for her negative comments on EU states directly approving Sputnik V. Her comments raise serious questions about possible political interference in the ongoing EMA review. Sputnik V is approved by 46 nations.
— Sputnik V (@sputnikvaccine) March 8, 2021
„ЕМА не даде такви изјави за ниту една друга вакцина. Таквите коментари се несоодветни и го нарушуваат кредибилитетот на Агенцијата и на самиот процес на тестирање”, се вели во соопштението.
Се наведува дека вакцините и ЕМА треба да бидат надвор и над политиката.
Агенцијата „Тас “пренесува дека Виртумер-Хохе ја споредила можноста за итно одобрување на руската вакцина против коронавирус во Австрија со руски рулет.
На 4 март, ЕМА објави почеток на процес на експертиза за вакцината „спутник в“, при што ќе се испита усогласеноста на лекот со стандардите на ЕУ во областа на ефикасноста, безбедноста и квалитетот.
Некои земји на ЕУ веќе ја одобрија употребата на „спутник в“, без да чекаат ЕМА да ја регистрира вакцината. Вакцината во моментов е регистрирана во Унгарија и Словачка.
Ефикасноста на „спутник в“ е 91,6 проценти, објавено е неодамна во научното списание „Лансет“. Вакцината обезбедува целосна заштита од тешки случаи на коронавирус и е регистрирана во 46 земји, објави Тас.
Од друга страна, „војната“ околу вакцините се води и на бојното поле САД-Русија, бидејќи Белата куќа објави дека следат активности на руските разузнавачки служби кои ги поткопуваат вакцините на американските производители „Фајзер“ и „Модерена“.
Регион
Нов земјотрес во Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,9 степени ја погоди областа Сисак, ноќеска околу два часа по полноќ, објави Европскиот медитерански центар за земјотреси (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри северозападно од Сисак, на длабочина од два километри.
Според описите на жителите во коментарите на објавата на ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван во пошироката област на округот Сисак-Мославина.
Свет
СЗО не ги препорачува ковид – пасошите

Висок официјален претставник на Светската здравствена организација рече дека таканаречените ковид – пасоши не треба да се користат за меѓународни патувања поради бројни проблеми, вклучително и етички причини бидејќи вакцините за коронавирус не се лесно достапни на глобално ниво.
На брифинг со новинарите, шефот на Одделот за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан, рече дека постојат практични и етички разгледувања за земјите што размислуваат да користат сертификати за вакцини како услов за патување, додавајќи дека здравствената агенција на Обединетите нации засега не ги препорачува.
„Вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна на фер основа“, рече Рајан.
СЗО претходно забележа дека сè уште не е познато колку трае имунитетот од вакцините и дека податоците сè уште се собираат.
Рајан, исто така, истакна дека стратегијата може да биде неправедна за луѓето кои поради некоја причина не можат да се вакцинираат и дека барањето ковид – пасош може да дозволи неправдата и неправедноста дополнително да се вметнат во системот.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија4 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“