Македонија
Силен дневен раст на МБИ10

Клучниот индекс на Македонска берза МБИ10 денеска оствари силен раст од 2,88% достигнувајќи вредност од 2.462,24 индексни поени
Клучниот индекс на Македонска берза МБИ10 денеска оствари силен раст од 2,88% достигнувајќи вредност од 2.462,24 индексни поени.
Таквиот тренд го следеа и останатите два индекса, при што МБИД се зголеми за 2,03% а вредноста се покачи на 2.245,94 индексни поени. ОМБ оствари поскромен раст од 0,25% и вредност од 104,33 индексни поени.
Промет на берзата денеска изнесуваше 10.856.741,48 денари, од што на официјалниот пазар се реализираше промет од 10.466.017,48 денари, додека на редовниот пазар прометот беше 390.124,00 денари.
Најмногу промет од хартиите од вредност кои котираат на официјалниот промет беше остварен со акцијата на Гранит Скопје. Прометот изнесуваше 4.220.905,00 денари, а вкупно беа истргувани 7.225 акции. Просечната цена изнесуваше 584,21 денари, додека порастот на цената на дневно ниво беше 2,49%.
Промет од 1.539.628,00 денари беше остварен со акцијата на Алкалоид Скопје. Просечната цена од 4.398,94 денари го придвижи дневниот просек со пораст од 2,30%. Иструваната количина беше 350 акции.
Со акцијата на Комерцијална Банка Скопје се оствари промет од 1.115.570,00 денари при истргувани 445 акции. Беше остварена просечна цена од 2.506,90 денари, која беше за 3,50% поголема во однос на претходното тргување.
Од редовниот пазар најмногу се тргуваше со акцијата на Прилепска Пиварница, со која беше остварен промет од 116.800,00 денари. Просечната цена изнесуваше 7.300,00 денари и оствари нагорна промена од 2,66%.
Акцијата на Тутунска Банка оствари промет од 81.000,00 денари со просечна цена од 4.050,00 денари и пораст од 3,40%
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Гранит Скопје
2. Алкалоид Скопје
3. Комерцијална Банка Скопје
4. Макпетрол Скопје
5. Стопанска Банка Битола
Хартии од вредност со најголем пораст
1. ЗК Пелагонија Битола 17,40%
2. Хотели Метропол Охрид 10,50%
3. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 10,00%
4. РЖ Интер-Трансшпед Скопје 5,66%
5. Макпетрол Скопје 3,55%
Хартии од вредност со најголем пад
1. РЖ Техничка Контрола Скопје 7,69%
2. ТТК Банка АД Скопје 3,62%
3. Орхридска Банка Охрид 3,21%
4. Р.Македонија – Денационализација 04 1,20%
5. Реплек Скопје 0,53%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори.
Предлог измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, но со оглед дека санува збор за решение кое се однесува на локалните избори, потребно беше да се гласа и по Бадентер. За предложените измени и дополнувања 18 од пратениците од помалите етнички заедници беа против, а 11 гласаа „за“.
Во текот на седницата прв за збор се јави Скендер Реџепи од движењето „Попули“, коалиција Европски фронт, кој оцени дека одлуката за поднесените измени е антиевропска и спротивна на Уставот и постоечките закони, додека Владата која е предлагач е моноетничка.
-Пред нас е Предлог-закон кој е во интерес на власта, а не и во интерес на граѓаните.
Претпладнево измените беа ставени на дневен ред на собраниската седница за да бидат донесени по скратена постапка. Потоа за нив расправаа матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ги проследи на натамошна постапка во Собранието, усвојувајќи го амандманот од Левица – кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, да биде потребно да се соберат најмалку 0,5 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ), наместо првично предложеното решение кое предвидуваше собирање потписи 0,95 проценти од запишаните избирачи.
Македонија
Во првото полугодие од годинава бројот на туристи во Македонија е зголемен, вели Мицкоски

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5 отсто споредено со истиот период 2024 година. Бројот на странските туристи е поголем за 19,7 отсто во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за 2,5 отсто споредено со истиот период 2024 година, објави македонскиот премиер Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук.
Тој пишува дека во истиот период од 2025 година има за 8,5 отсто повеќе реализирани ноќевања споредено со првата половина од 2024 година.
-Нашата Македонија е преубава, ако бројот на странските туристи се зголемува со ниво од 20 отсто годишно и наоѓаат причина да ги посетат македонските градови и села, македонските езера и планини, да уживаат во прекрасната македонска традиционална кујна и вина, тогаш тоа е доволна причина сите ние заедно да уживаме во убавините на Македонија, пишува премиерот Мицкоски на Фејсбук.
Македонија
Утре попладне дожд и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во понеделник се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Како што информират од Управата за хидометеоролошки работи, во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, а од среда ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Во Скопје, во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Од УХМР апелираат во случај на појава на електрични празнења гражаните да бидат повнимателни, да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.