Свет
Откриена мрежа што шверцувала американски чипови во Русија
Откриена е разработена мрежа која имала за цел да дојде до микроелектронски компоненти произведени во САД и да ги испорача на руската војска, соопшти во четврток американското Министерство за правосудство.
Сојузните обвинители објавија обвинение против 11 членови на мрежата, како и компании од Хјустон и Москва заради незаконски извоз на „хај-теч“ компоненти од САД на руските разузнавачки служби. Телевизијата НБЦ пренесува дека станува збор за опрема вредна 50 милиони долари.
Александар Фишенко, директор и сопственик на американски и руски компании, е обвинет дека дејствувал како шпион на руската влада на територијата на САД. Фишенко е роден во Казахстан, а натурализиран американски државјанин стана во 2003 година.
Според обвинението по кое ќе одлучува сојузниот суд во Бруклин, мрежата купувала технолошки напредни микроелектронски елементи од разни американски производители и ги извезувала во Русија, избегнувајќи го американскиот систем на лиценцирање со кој се контролира извозот на такви производи.
Тие се применувале во различни воени системи, вклучувајќи и радари и системи за електронско надгледување, системи за наведување на проектили и експлозивни ударни игли, пренесува НБЦ. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

