Свет
Северна Кореја се заканува, тензијата расте
Пјонгјанг се закани дека и натаму ќе потопува јужнокорејски бродови, а Сеул засега не објавува што е причината за потопувањето на нејзиниот воен брод и дали е точна информацијата дека уште еден нејзин брод бил цел на севернокорејската морнарица
Неофицијални извори од Сеул велат дека експлозијата која настанала од торпедо го пробиал трупот на бродот на крмата во пределот на пропелерот. Јужна Кореја потврди дека станува збор за експлозија но се’ уште води истрага за нејзината причина. Светските агенции пренесуваат дека врз јужнокорејскиот брод било стрелано но не е идентификуван од чиј брод и дека од бродот кој потона било возвратено на огнот. Потврдено е и дека пред да се случи инцидентот, јужнокорејскиот брод стрелал кон неидентификуван објект во правец на севернокорејскиот брег, нос е вели дека тоа било јато птици. Во меѓувреме, агенцијата Yonhap пренесе дека Сеул решил по зазорувањето ќе ја почне истрагата под морската површина и ќе продолжи испитувањето на причината за несреќата.ОД вкупно 104 членови на екипажот, 58 се извлечени од морето, а по 40 се трага. Иако засега нема потврда за бројка на загинати, Reuters доцна попладнево јави дека има загинати на јужнокорејскиот брод, најверојатно уште од експлозијата. Утрово Пјонгјанг објави дека осуетила план на Вашингтон и Сеул да се обидат однатре да го урнат комунистичкиот режим и дека е подготвен на секоја провокација да одговори со употреба на нуклеарно оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

