Македонија
Екс директорот на Охис Јорго Ќука во затвор
Адвокатот на Јорго Ќука, Мики Вујиќ потврди дека неговиот клиент е приведен во затвор. Ќука беше осуден на 4,5 години затвор заради махинации во ОХИС.
Против Ќука инаку имаше поднесено повеќе кривични пријави, за обезбвреднување на поранешниот хемиски гигант „Наум Наумовски Борче“, тешки повеќе десетина милиони евра, во кој државата инаку има 52 отсто од капиталот.Во текот на минатите деценија и половина, аферите во кои централна личност беше Јорго Ќука се движеа од отпишување на имотот на претпријатието во поранешните југословенски републики, до аферата со белградска ИЦН Галеника во времето кога со неа ракоовдеше поранешниот српски премиер Паниќ формирајќи заедничка фирма ИЦН Фарм, во која според обвиненија на членови од Управниот одбор на ОХИС .
Пред две години Ќука беше притворен под обвинение дека ги оштетил акционерите на компанијата и државата за 54.461.542 денари во полза на Еуростандард банка. Според обвинението, Ќука во 2006 г. како претседател на Управниот одбор на ОХИС ги пречекорил службените овластувања самостојно потпишувајќи одлука врз основа на која 10.660 акции на фабриката во Комерцијална банка ги ставил во залог во Еуростандард за да добие кредит за фирмата ИЦН Фарм.
Бидејкји ИЦН Фарм не го вратила кредитот, Ќука и’ овозможил на Еуростандард банка да се стекне со акциите, со што им направил штета на акционерите на ОХИС и на државата, која поседува 51,31 проценти од капиталот на хемиската индустрија. Истрагат пред две години утврди дека, покрај тоа што е претседател на УО и генерален директор на ОХИС, Ќука е и претседател на Надзорниот одбор во ИЦН Фарм и член на УО на Еуростандард банка. При ставањето во залог на акциите се вреднувале по 5.200 денари, но подоцна Еуростандард банка, ИЦН фарм и ОХИС направиле записник во кој цената била 1.000 денари. Врз основа на извод од сметката во Централниот депозитар, вкупната вредност на акциите ја утврдиле на 21.320.000 денари, иако тие на Берзата вределе повекје. Еуростандард банка ги продала акциите за 59.264.371 денари./крај/фо/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

