Свет
Над 20 полицајци исфрлија болни жени на улица
Жените трудови инвлади изјавија дека штрајкот со барање да им се врати надоместот од 3.000 денари ќе го продолжат на улица, пред просториите на подрачната единица на Министерството
СО ПОЛИЦИСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА ОСЛОБОДЕНИ ПРОСТОРИИТЕ НА МИНИСТЕР5СТВОТО ЗА ТРУД ВО КУМАНОВО
Жените трудови инвлади изјавија дека штрајкот со барање да им се врати надоместот од 3.000 денари ќе го продолжат на улица, пред просториите на подрачната единица на Министерството
Трудовите инвалиди, кои веќе два месеци штрајкуваат со глад, вчера полицијата насилно ги исфрли од канцелариите на подрачната единица на Министерството за труд и социјална политика во Куманово. Десетина жени од 20-тина полицајци беа истерани пред вратата на скалите на Министерството. "Не исфрлија на улица но ние ќе останеме тука. Ќе донесеме ќебиња и на овие студови ќе спиеме надвор. Господ нека не чува, а ние ќе видиме што ќе правиме, ќе се самозапалиме или полека ќе умираме, вака повеќе не се живее", вели Вера Јовановска, од координативното тело на штрајкувачите.
Утрината трудовите инвалиди ги посетиле претставници на независниот синдикат кои во моментот на исфрлувањето се затекнале внатре. "Полицијата со сила не исфрли и нас. Глетката беше болна и трауматизирачка. Жените легнати на земја, а тие ги влечат. Повеќе од дваесет полицајци дојдоа да ги исфрлат овие болни жени. Демонстрираат сила на места каде што не е потребно. Методите кои министерот Јакимовски ги употребува се вон памет", велат од Независниот синдикат. Додека полицијата беше внатре во запоседнатите канцеларии, на неколку жени на скалите им се слоши.
Штрајкот на трудовите инвалиди не беше прекинат ни по преговорите со премиерот Бучковски, а тие бараат да им се врати исплатата од 3000 денари како надомест до нивно повторно вработување или пензионирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Хеликоптер ги извлекува пожарникарите од надојдената вода: драматична снимка од Чешка
Чешки „Блеск“ објави драматично видео од четворица доброволци пожарникари од Крнов.
Тие отишле да им помогнат на жителите погодени од поплавите, но и самите заглавиле во поројот.
Takhle vypadala záchrana čtyř dobrovolných hasičů z Krnova, kteří při záchraně osob ze zatopených obydlí divokou vodou potřebovali sami pomoc. Zachraňovali je i @HZS_STC. Pomáhají totiž i mimo hranice Středočeského kraje. S @HasiciPraha se pravidelně střídají ve vrtulníkové… pic.twitter.com/aQf07urx2b
— Petra Pecková (@PPeckova) September 16, 2024
На објавеното видео се гледа како хеликоптер ги извлекува пожарникарите, чие возило е целосно опколено со вода.
Европа
Силен земјотрес во Романија
Околу 17:40 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јави ЕМСЦ.
Земјотресот се случил на 62 километри северозападно од Бузау и на длабочина од 137 километри под епицентарот во близина на Бузау.
#Earthquake (#cutremur) possibly felt 19 sec ago in #Romania. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/7MbYZOb2L7— EMSC (@LastQuake) September 16, 2024
Сеизмичките прелиминарни податоци покажуваат дека земјотресот не требало да предизвика значителна штета, но веројатно многумина го почувствувале како лесна вибрација во подрачјето на епицентарот.
Свет
Трамп ги обвини Бајден и Харис за обидот за атентат: Тие се вистинска закана
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ги обвини сегашниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис за вториот обид за атентат во неговиот голф клуб во Флорида.
За време на интервју за Fox News Digital, Трамп рече дека осомничениот верувал во изјавите на Бајден и Харис и постапил според нив. „Тие пукаат во мене поради нивната реторика. Кога јас сум тој што ќе ја спаси земјата, а тие се оние кои ја уништуваат – и одвнатре и однадвор“, рече тој.
Тој алудираше на коментарите на Бајден и Харис дека Трамп е закана за демократијата.
„Тоа се луѓе кои сакаат да ја уништат нашата земја. Бајден и Харис се вистинска закана. Тие користат запаливи изјави. И јас би можел да го сторам тоа, многу подобро од нив, но не го правам тоа“, рече Трамп.