Свет
Руски долг од 15 милиони за цевка од 4 милиони долари
Владата ќе се откаже од 15 милиони долари, колку што и должи Русија и тоа ќе го компензира со доградбата на гасоводниот прстен за Скопје, дел од гасоводниот систем, што чини 4 милиони долари, тврди раководството на „Макпетрол“.
Никола Стојанов
Владата ќе се откаже од 15 милиони долари, колку што и должи Русија и тоа ќе го компензира со доградбата на гасоводниот прстен за Скопје, дел од гасоводниот систем, што чини 4 милиони долари, тврди раководството на „Макпетрол“.
Таа компанија уште во ноември лани поднела барање до Министерството за транспорт и врски да и даде градежна дозвола за доградба на гасоводниот прстен. Министерството за транспорт досега не одговорило на барањето на „Макпетрол“, кој изработил проект за економската издржаност на проектот и утврдил дека таа инвестиција ќе чини 4 милиони долари. Надлежните од тоа министерство вчера не објаснија зошто не договориле на барањето на „Макпетрол“. Затоа што не добил одговор на барањето „Макпетрол“ се обратил и до Владата од која побарал да добие одговор и дозвола за доградба на гасоводниот прстен. Владата до денеска не одговорила на барањето на „Макпетрол“. Поради ова, правниците на „Макпетрол“ потврдија дека скопската компанија за дистрибуција на нафта најавува дека ќе ја тужи државата.
Како што најавија претставници на Владата неодамна било договорено со претставници на руската компанија за производство и пренос на енергенси „Рос нефт газ строј“ да го довршат гасоводниот прстен, со што ќе се комплетира делот од гасоводот во близината на Скопје. Било договорено Владата да го отпише своето побарување од Русија вредно 15 милиони долари, а руската компанија да ја доврши изградбата на гасоводниот прстен, кој потоа ќе биде во државна сопственост.
Василиј Медведенко, вицепретседател на рускиот гигант „Роснефтгазстрој“ за руската
новинска агенција „ИТАР ТАСС“ изјавил дека очекува македонската влада на јавното претпријатие „ГА-МА“ да му ги даде сите полномоштва за можат да ги почнат преговорите за доградба на гасоводниот прстен. Како што пренесува МИА, Медведенко за „ИТАР ТАСС“ изјавил дека зделката ќе се прави за да се компензираат македонските побарувања вредни 15 милиони долари.
„Време“ вчера не доби одговори од Владата, од која побаравме да објасни дали планира преку „ГА МА“ да склучи договор со „Роснефтгазстрој“ и зошто ќе компензира 15 милиони долари побарување за инвестиција која реално чини 4 милиони долари или 3,5 пати помалку од вредноста на побарувањето што Владата е спремна да го отпише.
Гасоводниот систем осум години практично е во владение на „Макпетрол“, кој го користи и го одржува системот. Владата и оваа компанија не можат да се договорат за заедничко владение, затоа што и двете страни себеси се сметаат да доминантни сопственици на системот. Аналитичарите оценуваат дека по оваа најава Владата покажува дека нема намера да преговара со „Макпетрол“ и дека со таа инвестиција во доградбата на гасоводниот систем и фактички ќе стане доминантен сопственик на капиталот во гасоводниот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026

