Македонија
Обраќање на Канческа-Милевска во Цетиње
Македонија во текот на 6-месечното претседателство ќе реализира неколку културни содржини во Стразбур, а воедно ќе организира и министерска конференција во Скопје, која го засега подрачјето на културното наследство,најави министерката Канческа-Милевска во Цетиње
Министерот за култура, м-р Елизабета Канческа-Милевска, викендов претсојуваше во Црна Горав во рамките на состанокот на Советот на министри за култура од Југоисточна Европа, чиј претседавач годинава е Црна Гора, информираат од министерството за култура, при што во петокот и саботата имаше свои браќања. Министерката за култура Канческа-Милевска во своето обраќање ја потврдила поддршката на Република Македонија за словенечкото пристапување во Советот на министри за култура на Југоисточна Европа (КОМОКОСЕЕ). Исто, така Канческа-Милевска се осврна и на добрата соработка со Советот на Европа, „кој со авторитетот што го поседува, анимирајќи ја светската интелектуална и политичка елита, како и медиумите, и’ помага на нашата држава и ја промовира како активен чинител во градењето на европската архитектура“.ПРитоа Канческа-Милевска истакнала дека досега се реализирани голем број проекти, а од особено значење е и привилегијата што ќе ја има годинава Република Македонија како претседавач на Комитетот на министри на Советот на Европа. Канческа-Милевска на состанокот упати и покана до министрите за култура на Црна Гора, Србија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина и на Словенија за нивно активно учество на министерската конференција која со наслов „Промовирање на општествените и на економските вредности на културното наследство во Европа“ од 24 до 26 септември ќе се одржи во Скопје.„Искрено се надевам дека сите повторно ќе се сретнеме во Скопје и дека ќе дефинираме значајни ставови во врска со нашето заедничко културно наследство кои ќе бидат од важност и за Советот на Европа, особено за Секретаријатот, во заложбите за унапредување на значењето на културното наследство на сите земји-членки на Советот на Европа“, додаде Канческа-Милевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

