Европа
Путин: Русија ќе ги надмине тешкотии наметнати однадвор и ќе стори сé Украина да го надмине сложениот период
Рускиот претседател Владимир Путин во средата на одбележувањето на годишнината од присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на руската Федерација, што западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија, се шегуваше во врска со обвинувањето за улогата на Москва во украинската криза порачувајќи дека Русија ќе ги надвладее тешкотиите кои „самите се создадоа“, и истовремено дека неговата земја ќе стори сé што зависи од неа за Украина што побрзо да го надмине „сложениот период“.
Русија ќе ги надмине тешкотиите кои се обидуваат да ѝ ги наметнат однадвор, рече претседателот Владимир Путин на концертот-митинг во Москва по повод првата годишнина од присоединувањето на Крим, што во Русија се доживува како негово враќање во матицата, на кој според процените на московската полиција се собрале 110.000 луѓе.
„Секако, ние ќе ги надминеме сите проблеми и тешкотии со кои се обидуваат да не натоварат однадвор. Тие, воопшто, е бескорисно во однос на Русија“, порача Путин.
Рускиот претседател, исто така, порача дека Русија ќе стори сé е во нејзина моќ Украина што е можно поскоро да го надмине тешкиот период во својот развој и воспоставување на нормалните меѓудржавни односи. „Ние од своја страна ќе сториме сé, што од нас зависи, за Украина да го мине сложениот период од својот развој што поскоро, и сé со цел да се обновата нормалните односи меѓу државите“, реле Путин на митингот.
„А самите ние ќе тргнеме напред, ќе ја јакнеме нашата државноста, ќе ги надминеме тешкотиите кои ние со вас така лесно си ги создадовме себеси во текот на последниот период“, се пошегува Путин.
Изрази убеденост дека украинскиот народ објективно ќе ги оцени дејствијата коишто ја доведоа Украина „до таквата состојба“. „Ние во Русија отсекогаш верувавме дека Русите и Украинците се еден народ. Јас така мислам и во моментов. Се разбира, екстремниот национализам секогаш е штетен и опасен. И јас сум убеден дека украинскиот народ и ќе даде достојна и објективна оцена за активностите на оние коишто ја доведоа земјата во состојбата којашто е денес“, реле уште Путин.
Со звуците на патриотски песни во центарот на руската престолнина илјадниците московјани се собраа под мотото „Заедно сме непобедливи“.
Прославувањето на првата годишнина од присоединувањето на Крим, каде што 62 отсто од населението е етнички руско, започна 16-ти март на денот кога во 2014 година на овој црноморски полуостров, откако прозападните сили во Киев го соборија претседателот Виктор Јанукович и ги сменија властите во регионите, беше одржан референдум за враќање на автономијата укината во 1990-те со осамостојувањето на Украина од поранешниот Советски сојуз и за присоединувањето кон Руската Федерација. Според организаторите присоединувањето е прифатено со над 96 отсто од излезените избирачи чиј одѕив беше над 83 проценти од двомилионското население на полуостровот. Два дена подоцна руската Дума со гласање ја прифати референдумската одлука а претседателот Путин го потпиша указот. Западот, кој ова го смета за нелегално според меѓународното право руска анектирање на украинска територија, поради што ги воведе политичките и економските санкции против Русија.
Организацијата Amnesty International во средата објави исцрпен извештај за кој не појасни како е составен, смета дека локалните власт од тогаш водат „непрекината кампања на заплашување за да ги замолкнат критичарите“. „Локалните власти се користат со широка лепеза репресивни мерки за да ги замолчат оние кои поинаку мислат“, истакна директорот на оваа организација за Европа и средна Азија, Џон Далхујсенб зборувајќи за „бранови грабнувања во март и септември“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

