Спорт
Евро 2012 купено за 11 милиони евра?!
Функционер на УЕФА тврди дека има докази дека Украинците со мито ја добиле организацијата за европското фудбалско првенство во 2012 г. заедно со Полска
Германскиот весник Suddeutsche Zeitung, го пренесува искажувањето на членот на извршниот одбор на УЕФА од Кипар, Спирос Марангос кој обвинува некои свои колеги од одборот дека примиле мито во износ од 11 милиони евра за да можат на Украина и Полска да им овозможат да ја добијат органзиацијта на Евопското фудбалско првенство во 2012 г. Како што пренесува Agence France Press Марангос тврди дека две години безуспешно се обидува на претседателот Мишел Платини да му даде информации за петмина членови на одборот кој примиле мито, но никој не сакал да го сослуша. Неговиот адвокат рекол дека сведоците се подготвени под заклетва да сведочат на судот. Весникот Suddeutsche Zeitung пишува дека поседува писмени изјави од сведоците и дека ги знае сите пет имиња кои се обвинети од страна на Марангос. Исто така, се наведува и дека се познати имињата на посредникот при подмитувањето на членовите на Извршниот комитет кој, како што се наведува, бил вклучен и во случај на корупција во источна Европа. Генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино веднаш во саботата навечер реагираше со негирање дека постои каква и да е основа за обвинувања.„Кога би ги истражувале сите обвиненија, УЕФА би требало да се занимава само со тоа“, рекол Инфантино. Но тој додал дека станува збор за сериозно обвинување.„Ако добиеме докази и информации, ќе покренеме истрага. Во монетот тоа го немаме, па не можам ништо повеќе да кажам за овој случај“, изјавил Инфантино за АFP.Според приказната на германскиот весник, Марангос откако не успеал да се сретне со Платини требало да се сретне со Питер Лимашер, но тој неодамна даде неотповиклива оставка на својата функција Тоа го стори под притисок на УЕФА откако минхенски Баерн се закани со тужба поради обвинувањата дека го наместил мечот со руски Зенит во полуфиналето на Купот на УЕФА. На 18-ти април 2007 г. во Кардиф на Украина и Полска им беше доделена организацијата за Ееро 2012. Државите кои тогаш ги загубија шансите за организација на првенството, ги обвинуваа за непринципиелно украинско лоби споменувајќи ги богатите браќа Суркис. Во Кардиф Украина и Полска добија осум гласови, Италија четири а заедничката кандидатура на Хрватска и Унгарија не доби ниеден глас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хрватска го завери пласманот на СП
Хрватската фудбалска репрезентација ги победи Фарските Острови со 3:1 во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство и го потврди првото место во групата Л.
Хрватите се третата европска репрезентација која обезбеди пласман на завршниот турнир во Канада, САД и Мексико, по Англија и Франција.
Натпреварот од деветтото коло од европските квалификации одигран во Риека заврши со резултат 3:1 (1:1).
Момците на Златко Далиќ имаат недостижни шест бода повеќе од второпласираните Чеси во пресрет на последното коло.
Натпреварот не започна добро за Хрватите. Фараните неочекувано поведоа во 14-та минута. Голот го постигна Геза Давид Тури.
Хрватска изедначи седум минути подоцна преку Јошко Гвардиол. Петар Муса го комплетираше пресвртот во 57-та минута, а точка на натпреварот стави Никола Влашиќ во 70-та минута.
Во последното коло, Хрватска ќе и гостува на Црна Гора.
Foto/ EPA
Спорт
Клементе за Јамал: Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае долго
Поранешниот селектор на Шпанија, Хавиер Клементе, го критикуваше еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Ламин Јамал.
На искусниот стручњак не му се допаѓа однесувањето на 18-годишникот надвор од теренот и се плаши дека неговата кариера нема да трае долго поради тоа.
„Како играч, тој е многу добар, но проблемот е што не знае како да се однесува надвор од теренот. Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае. Тоа е јасно“, остро рече Клементе.
Од друга страна, на Клементе му е јасно дека станува збор за извонреден играч.
„Тој прави брилијантни работи, но ривалите веќе знаат како игра, знаат како да го гледаат. Тие знаат дека тој е еден од оние играчи на кои не треба да им се дозволи да играат затоа што е со висок квалитет, а може да направи толку многу на теренот“, заклучи Клементе.
Спорт
Флорентино Перез се повлекува од Реал
Легендарниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да се пензионира пред крајот на својот мандат.
Долгогодишниот прв човек на Реал Мадрид планира да ја напушти својата функција во 2026 година, две години пред крајот на актуелниот мандат, објавува новинарот Пепе Алварез.
Како што е наведено, 78-годишниот Перес сака уредена и планска транзиција на власта во клубот, без оглед на тоа дали членовите на клубот ќе ги поддржат неговите предлози на референдумот или не.
Перес стана претседател на Реал за прв пат во 2000 година, првата ера траеше до 2006 година, а втората, која започна во 2009 година се уште трае.
За време на неговиот мандат, фудбалскиот клуб Реал Мадрид беше прв во Европа седум пати, победник на Суперкупот исто толку пати, со пет трофеи од Ла Лига и три Купа на кралот.
Во тој период, кошаркарите освоија седум титули во АЦБ лигата, три Евролиги и седум Купа на Кралот.
Перез е синоним за модернизација на Реал – не само на теренот, туку и преку проекти како што се реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ и глобалната експанзија на брендот.
Засега не е познато кој би можел да го наследи.

