Спорт
Фиорентина бега од дното во Серија А
Со победата над Бари во саботата навечер од 2:1 во 8-то коло од италијанската прва фудбалска лига, во Фиорентина се надеваат дека го почнаа бегството од зоната на испаѓање и искачување кон средината на табелата
Во саботата во Серија А беше одигран само мечот меѓу Фиорентина и Бари, До пред синоќешниот меч Фиорентина имаше само пет бодови што претставуваше најслабиот нејзин старт во последните 33 години откако се натпреварува во најсилната фудбалска лига на Апенините. Исто така, дуелот со Бари беше пресуден и за опстанокот на тренерот Синиша Михајловиќ, за кого клупската управа веќе почна да бара замена, Но вечерва во Фиренца се славеше за втората првенствена победа и барем привремено се наоѓа на 14. позиција со осумте освоени бодови.Иако во грч под императивот на победата играчите на Фиорентина успеаја да не ја загубат главата и со упорност во 34. минута од мечот преку Марко Донадело да поведат. Донадело ја прими топката од Маркиони на околу дваесет метри од голот на Бари, шутирајќи силно и прецизно, по што топката се одби од десната статива на противничкиот гол.Во продолжение од мечот, „виолите“ настојуваа да го зголемат водството и да обезбедат победа при што имаа и неколку шанси и поништен гол, заради офсајд, а играчите на Бари беа неумешни во обидите да создадат поконкретни закани за голот на Фиорентина. Домашните навивачи можеа да се ослободат од стравот за уште еден неуспех на нивните миленици дури во 82. минута кога Џиралдино успеа да спроведе во противничката мрежа една топка којашто голманот Гилете со убава интервенција претходно спречи да заврши зад неговиот грб.Конечните 2:1 со глава по изведен корнер ги постигна Алесандро Париси во првата минута од судиското надополнување, а Фиорентина во тие минути имаше можност да го зголеми водството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.