Македонија
Продолжува истрагата по исчезнатото дете од Средно Коњаре

Полицијата ја продолжува истрагата по Митат Ибраими, детето кое во петокот попладне исчезна од домот во скопското село Средно Коњаре.
Полицијата ја продолжува истрагата по Митат Ибраими, детето кое во петокот попладне исчезна од домот во скопското село Средно Коњаре.
Се уште нема официјални информации за неговото исчезнување, потрагата продолжува по текот на реката Пчиња.
Министерот за труд и социјална политика денеска попладне ќе го посети семејството Ибраими и ќе им додели еднократна помош во висина од две просечни нето плати.
Трагата на седум и пол годишното момче му се губи откако се вратило од училиште, дошло дома и ја оставило чантата.Неговите родители не биле дома, работеле на нивите во близина на реката Пчиња.
Кога се вратиле ја заблежале само чантата и заедно со другите жители на селото организирале потрага, но не успеале да го најдат детето.
Покрај реката биле најдени траги од детски стапалки. Истрагата треба да покаже дали овие стапки се на изгубениот Митат.Детето било просечно развиено за негова возраст, слабо по конструкција, со кафеави очи и смеѓа коса.
Последен пат било облечено во сини фармерки и зелена горна тренерка. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои со ваквото дело го оштетиле Буџетот на државата за 622.492 денари.
Како што извести Царинската управа, станува збор за увози извршени во периодот од октомври 2022 година до мај 2023 година, за кои осомничените – шпедиции и лиценцирани застапници, во договор со увозникот, стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки.
Делото е откриено при контроли извршени од страна на инспектори од Одделението за контрола на трговски друштва, по што случајот е предаден на Одделението за истраги од каде против сторителите е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а воедно донесени и се решенија за дополнителна наплата.
Царинската управа најави дека ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.
Македонија
Ангела Василевска избрана за нова претседателка на Универзитетското студентско собрание

Вчера во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, се одржа втората седница на Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ), на која беше спроведен изборот за нов претседател на Универзитетското студентско собрание
За претседателка на УСС УКИМ е избрана Ангела Василевска, студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), трета година на студискиот смер Примена на информациски технологии.
Мандатот на новоизбраната претседателка, заедно со мандатот на новиот состав на делегати, официјално започнува на 1 ноември 2025 година.
Македонија
Меџити го претстави новото кошаркарско игралиште во Гази Баба: Инвестиција за младите и енергијата на спортот

Кандидатот на коалицијата „Влен“ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го претстави новоизграденото кошаркарско игралиште во населбата Гази Баба, оценувајќи го овој проект како конкретен чекор за развој на младите и поттикнување на спортските активности во заедницата.
„Новото кошаркарско игралиште што штотуку го изградивме ќе биде место каде што нашите деца ќе растат во духот на натпревар, тимска работа и успех. Секој постигнат кош е чекор кон самодоверба, кон соништата што започнуваат од нашите улички и водат кон големите арени,“ истакна Меџити.
Тој потенцираше дека преку овие инвестиции во спортска инфраструктура се создаваат простории кои им даваат живот на населбите и го зајакнуваат чувството на заедништво.
„Ние веруваме во младите на Гази Баба. Затоа инвестираме во спортска инфраструктура, во простории кои внесуваат живот во нашите маала, во проекти кои ја прават населбата посилна и поубава. Ова е Гази Баба – активна, жива, со позитивна енергија и со визија за иднината. Ова е нашата политика: да градиме, да развиваме и да им овозможиме на сите деца да растат со достоинство и страст. Кошаркарското игралиште е само почеток. Големата победа е онаа на Чаир,“ потенцираше кандидатот на ВЛЕН, Изет Меџити.